Mladenoski, Ranko (2011) Книжевната интеркултурна и интердисциплинарна постколонијална критика. Литературен збор, 58 (1-6). pp. 147-155. ISSN 0024-4791
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi od 2011 za repozitorium 16 noemvri 2013_Postkolonijalna kritika Lit zbor_Ranko Mladenoski Postkolonijalna kritika.pdf Download (147kB) | Preview |
Abstract
Овој труд е елаборација на основните начела и принципи на постколонијалната критика којашто претставува еден од многубројните приоди во интерпретацијата на книжевно-уметничките дела. Во трудот се укажува на тоа дека постколонијалната критика се занимава со проследување и проучување на книжевноста и воопшто на културата во поранешните колонијални земји од т.н. „Трет свет“, како и тоа дека во рамките на постколонијалната критика интенцијата е да се поткопаат западните наративни конструкти за „егзотичниот Друг“ и да се земат предвид различноста и специфичноста на „Другиот“. Во таа смисла, во текстот се детерминираат и се појаснуваат клучните термини што се тесно поврзани со постколонијалната критика, а тоа се Другиот/ Другоста/ Другото, дијалогизам и деконструкција. На крајот од трудот се заклучува дека постколонијалната критика понуди, меѓу другото, и еден нов и мошне функционален и оперативен културолошки, но и книжевно-теориски модел со чија помош може да се идентификуваат бројни структурни сегменти од книжевните дела, но и од уметноста воопшто, и тоа од еден специфичен аспект.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 22 Nov 2013 11:06 |
Last Modified: | 22 Nov 2013 11:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8167 |
Actions (login required)
View Item |