Mladenoski, Ranko (2011) Поскурникот како клуч за античката порта. Современост, 60 (2). pp. 145-150. ISSN 0038-5972
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi od 2011 za repozitorium 16 noemvri 2013_Poskurnikot kako kluc Renata Mateska_Ranko Mladenoski Poskurnikot kako kluc za antickata porta.pdf Download (58kB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува рецензија (осврт) за дебитантскиот роман на младата авторка Рената Матеска со наслов „Враќање во минатото“. Во освртот се нагласува дека основната тема во овој роман е потрагата по гробот, односно по саркофагот на Александар III Македонски којшто, според нарацијата во романот, се наоѓа некаде во Македонија, односно во пештерата „Над Врело“ во скопска Матка. Чувари на тој саркофаг се членовите на „Култот кон Сонцето“, а поскурникот е клучот со чија помош се отвора просторијата каде што се наоѓа саркофагот на Александар со сето негово богатство. Меѓутоа, како што се потенцира во освртот, романот е збогатен и со уште една наративна линија за современите збиднувања во Македонија и тоа преку ликот на новинарката Лина. На крајот од освртот се заклучува дека Матеска во овој роман ги потенцира суштинските човекови вредности – борбата и упорноста во таа борба да го добиеме и да го постигнеме во животот она што го посакуваме и она што ќе нè направи среќни.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 22 Nov 2013 11:05 |
Last Modified: | 22 Nov 2013 11:05 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8166 |
Actions (login required)
View Item |