Mladenoski, Ranko (2011) Македонските народни умотворби за Александар III Македонски. Современост, 60 (2). pp. 51-64. ISSN 0038-5972
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi od 2011 za repozitorium 16 noemvri 2013_Mak narodni umotvorbi za Al Mak Sovremenost_Ranko Mladenoski Makedonski narodni umotvorbi za Aleksandar Makedonski.pdf Download (144kB) | Preview |
Abstract
Трудот претставува преглед и елаборација на книжевните дела од македонскиот фолклор коишто се посветени на античкиот македонски крал Александар III Македонски. Во текстот се наведуваат книжевно-историски податоци за пет македонски народни песни, десет народни приказни, 14 преданија и една легенда за Александар Македонски. Меѓу македонските народни песни за Александар се „Раѓањето на Александар Велики“, „Александар Велики“, „Стани, стани Александре Македонски“, „Песна за цар Александар“ и други. Од народните приказни треба да се спомнат „Премудри Александар Македонски кога влегол во шише в море“, „Царо Александар Македонски кога се оженил“, „Царчето Александар и трите наречници“. Македонски преданија за Александар Македонски се „Цар Александар“, „За Александар Велики“, „Цар Александар Македонски“, „Александар Македонски и сестра му Ангелина“, „Александар Македонски и Бела Ица“ и други. Досега е позната една македонска легенда поврзана со Александар Македонски со наслов „Легенда за јаслите на коњот Букефал“. На крајот од трудот се заклучува дека присуството на Александар III Македонски во македонскиот фолклор бележи еден долговековен континуитет и дека ликот на Александар Македонски има свое значајно место во македонската фолклорна традиција.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 22 Nov 2013 11:04 |
Last Modified: | 22 Nov 2013 11:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8163 |
Actions (login required)
View Item |