Mladenoski, Ranko (2011) Александар III Македонски во проектот „Веда Словена“ на Верковиќ и Гологанов. Годишен зборник на Филолошкиот факултет – Штип, 2. pp. 27-35. ISSN 1857-7059
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi od 2011 za repozitorium 16 noemvri 2013_Aleksandar Mak Veda Slovena Zbornik Stip_Ranko Mladenoski Aleksandar Makedonski vo Veda Slovena.pdf Download (144kB) | Preview |
Abstract
Основната цел на овој труд е да се афирмираат и да се актуелизираат неколку суштински, но истовремено и нејасни и дискутабилни проблемски прашања од македонската фолклористика поврзани со местото и улогата на античко-македонскиот крал Александар III Македонски во македонското народно творештво. Станува збор, имено, за дилемите во врска со прашањето дали постојат песни за Александар Македонски во проектот „Веда Словена“ од Стефан Верковиќ и Јован Гологанов од македонскиот културен 19 век. Овде се потенцира фактот дека во двете објавени книги од Стефан Верковиќ со наслов „Веда Словена“ (првата во Белград во 1874 и втората во Санкт-Петербург во 1881 година) не постојат песни за Александар Македонски. Бројни македонски фолклористи ги презентираат информациите за постоење на песни за Александар Македонски што Јован Гологанов му ги предал на Стефан Верковиќ, но ниту еден од нив не ги отвора суштинските прашања за тоа колку песни Гологанов му дал на Верковиќ, кои се тие песни и дали тие се сочувани или, пак, некаде објавени. Ваквото афирмирање и актуелизирање на овие прашања ќе поттикне натамошни дискусии и проучувања коишто ќе водат кон разјаснување на постоечките дилеми и нејаснотии за македонските песни за Александар III Македонски во проектот „Веда Словена“ на Верковиќ и Гологанов.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 21 Nov 2013 08:47 |
Last Modified: | 21 Nov 2013 08:47 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8157 |
Actions (login required)
View Item |