Влијанието на глобалната финансиска криза врз сметководствената конвергенција

Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Dimitrova, Janka (2013) Влијанието на глобалната финансиска криза врз сметководствената конвергенција. Зборник на трудови - Економско-финансиската криза и сметководственото окружување-предизвици за сметководството, ревизијата и финансиите и позиционирањето на сметководствената професија. pp. 72-97. ISSN 978-9989-747-32-8

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_olivera.trajkovska_Desktop_Trud-Sojuz na smetkovoditeli-2013.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_olivera.trajkovska_Desktop_Trud-Sojuz na smetkovoditeli-2013.pdf

Download (455kB) | Preview

Abstract

Од неодамна сметководството по пазарна (објективна вредност (FVA – fair value accounting) “се заканува” врз процесот на конвергенција на сметководствените практики во земјите ширум светот. Според некои аналитичари овој принцип на финансиско известување е еден од факторите, кој меѓу другите, допринесе за појава и ширење на финансиската криза. Имајќи во предвид дека МСФИ (Меѓународните стандарди за финансиско известување) ја опфаќаат и нагласуваат објективната вредност, во услови на финансиската криза се покренаа многу прашања и дилеми во однос на нивната соодветност и применливост во процесот на финансиско известување секаде во светот.
Овој труд ги истражува значајните имликации на глобалната финансиска криза врз финансиското известување, посебно барање на одговор на прашањето дали трендовите кон процесот на сметководствена конвергенција во земјите, беа отежнати поради инхерентните проблеми внатре во МСФИ.
Спротивно на очекувањата, анализите покажуваат дека финансиската криза го направи процесот на сметководствена конвергенција позадолжителен од било кога. Најголем дел од земјите кои имале намера да извршат конвергенција на своето финансиско известување, не биле значајно погодени од финансиската криза и се обврзале да го завршат овој процес, како што планирале.
Анализите исто така покажуваат дека IASB (Одборот за меѓународни сметководствени стандарди) се соочува со постојан притисок од страна на финансиските институции, регулаторните тела, креаторите на политиките и министрите за финансии на земјите, да ги ревидираат правилата кои почиваат на објективната вредност во сметководството. Консеквентно, Одборот презема мерки за постојано усовршување на барањата за финансиско известување, во контекст на финансиската криза.

Клучни зборови: Сметководство по објективна вредност, МСФИ, конвергенија, финансиска криза

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 21 Nov 2013 08:34
Last Modified: 21 Nov 2013 08:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8156

Actions (login required)

View Item View Item