Papakoca, Kiro and Dimova, Cena and Papakoca, Velko (2013) Примена на коскени супституенти во оралната хирургија и имплантологија – нивна еволуција низ времето. In: 4-тиМакедонски конгрес за историја на медицината со меѓународно учество, 18-19 Apr 2013, Скопје, Р.Македонија.
Preview |
Text
Примена на коскени супституенти во оралната хирургија и имплантологија - Др. Киро Папакоча.pdf Download (134kB) | Preview |
Abstract
Првиот пишани историски записи за надополнување на одредени коскени дефекти со определени заменик датираат од 1682 година кога во црковната литература се опишува случајот на надополнување на кранијален дефект кај еден руски војник со материјал земен од череп на куче. Во ова соопштение се вели дека рускиот војник бил исклучени од христијанската црква токму заради овој "неприроден" дел. Позначајни години во коскеното графтирање се следниве:
- 1820 година dr P. Von Waltheer прв успешно го применил автографтот;
- 1878 година Maceman го воведува коскена трансплантација со алографт коска;
- 1900 година Axhausena прв прави трансплантација на периост и коскената срцевина.
- 1963 година, Smith прв користи керамика како функционална замена за коска.
Во почетокот на седумдесеттите години почнува нова ера во развојот на супституенти (замена) за коска и тоа се случува по откривањето на најважната карактеристика на биоматеријалите – нивната порозност.
Во раните истражувања на Државниот универзитет од Пенсилванија во САД, откриени се два вида коралните со оптимална порозност. Така наоѓа примена коралниот хидроксиапатит. Во 1976 година наоѓа имплементација кортикалниот минерализиран коскен графт кој е истовремено замрзнат и исушен преку т. н. процес на лиофиолизација.
Големи промени во примената на коскените супституенти настанале по соопштението на Urist со откривањето на коскениот морфогенетските протеини BMP во 1963 чии рекомбинантни форми дадоа извонредни резултати во последните години и придонесоа за голем напредок во областа на оралната имплантологија.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Kiro Papakoca |
Date Deposited: | 21 Nov 2013 08:43 |
Last Modified: | 21 Nov 2013 08:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8153 |
Actions (login required)
View Item |