Manasieva Gerasimova, Virna and Petrevska, Biljana (2011) Инклузивно образование во редовната настава - очекувања и проблеми. In: Научно стручен собир „Образованието во 21-от век“, 09 Dec 2011, Битола, Македонија.
Инклузивно образование во редовната настава_очекувања и проблеми.pdf
Download (911kB) | Preview
Abstract
Инклузивното образование подразбира вклучување на децата со посебни потреби во редовниот воспитно-образовен процес, па нужно се наметнува потребата од негово концепирање како дел од една поширока стратегија која би промовирала задоволување на основните потреби, права и слободи на сите, независно од разликите. Трудот има за цел да укаже на проблемот од постоење предрасуди, страв и незнаење како главни причинители за ексклузија на оние кои се поинакви. Притоа, допрени се системските и други бариери во остварување на концептот за инклузивно образование. Истовремено, направен е преглед на основните нормативни решенија и меѓународни документи од оваа проблематика. Трудот прави и осврт на неколку фундаментални прашања врз кои почива концептот на инклузивно образование: односот на наставниот кадар, потребата од дополнителна обука, прашањето за промена на училишните планови и методологија за работа на час. На крај, предложени се активности за поддршка на сите вклучени во инклузивното образование, како концепт кој сам по себе претставува одговорност на сите во општеството.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
|---|---|
| Uncontrolled Keywords: | Инклузивно образование; Деца со посебни образовни потреби; Деца со потешкотии во развојот; Интеграција. |
| Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
| Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
| Depositing User: | Biljana Petrevska |
| Date Deposited: | 21 Nov 2013 08:00 |
| Last Modified: | 21 Nov 2013 08:00 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8123 |
