Kuzmanovska, Dragana and Veselinova, Darinka and Petkovska, Biljana (2011) Разграничување на поимите преведување и толкување. Годишен зборник 2011 - Филолошки факултет, УГД - Штип. pp. 231-237. ISSN 1857-7059
Preview |
Text
84-217-1-PB.pdf Download (436kB) | Preview |
Abstract
Јазикот е средство за комуникација меѓу луѓето и служи
за размена на податоци, мислења и идеи, без разлика дали се пренесува
директно од човек на човек или индиректно преку медиумите. Таквата
комуникација може да се одвива непречено, доколку станува збор за
комуникација меѓу говорители на ист јазик, или со потешкотии, кога
станува збор за говорители на различни јазици меѓу кои на посреден или
непосреден начин се пренесуваат елементи од едниот систем на другиот.
Пренесувањето на елементите доведува до системски промени кои можат
да бидат конвергентни, што подразбира „одреден степен на два одвоени
система“. Таквиот процес на пренесување на елементите од еден до друг
систем се нарекува преведување. Преведувањето е корисна работа, затоа
што им дозволува на луѓето да се разбираат меѓу себе иако не ги познаваат
јазиците на другите луѓе. Луѓето отсекогаш стапувале во контакт едни
со други, но денешните средства за комуникација (било обичните, било
информациските патишта) наметнуваат потреба од речиси секојдневно
општење со луѓе кои зборуваат други јазици што не можело ни да се
замисли пред еден век, на пример. Оттука произлегува и потребата од
изучување на повеќе странски јазици, како произведување на повеќе
кадри од областа на преведувачи/ толкувачи. Токму оваа диференцијација
на преведувач и толкувач е предмет на овој труд.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Dragana Kuzmanovska |
Date Deposited: | 10 Feb 2014 09:39 |
Last Modified: | 12 Feb 2014 11:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8103 |
Actions (login required)
View Item |