Bardarova, Snezana and Magdinceva Sopova, Marija (2013) Мотивација на вработените во малите претпријатија. In: Втора меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“, БАС Институтот за менаџмент, 01-03 Nov 2013, Битола.
Preview |
Text
МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МАЛИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА.pdf Download (447kB) | Preview |
Abstract
Успешните претпријатија како најважен фактор во своето функционирање ги имаат во предвид човечките ресурси односно вработените. Човечките ресурси имаат сопствени видувања и размислувања за работите воопшто, сопствени, лични цели и секоја индивидуа претставува независна личност. За да може едно мало претпријатие да ги оствари своите стратегиски цели треба да води грижа за своите вработени, да ги разбере нивните потреби, да ги мотивира за да може да изгради состојба во која вработените ќе го почувствуваат претпријатието како свое и како дел од себе. Мотивацијата е онаа движечка сила која ги поттикнува вработените на одредени однесувања. Малите претпријатија се носители на економскиот развој. Нивната моќ произлегува од самите сопственици, претприемачи и вработените во нив. Сопствениците, претприемачите на малите претпријатија имаат обврска да се грижат за своите вработени. Затоа мотивирањето на вработените е една од основните работи на претприемачот.
Целта на овој труд е да се прикажи местото и улогата на сопственикот на малото претпријатие во поттикнувањето на мотивацијата во услови на изразена конкурентност и глобализациски процеси, активностите кои ги преземаат претприемачите и видовите мотиватори кои ги применуваaт во процесот на мотивирање на вработените. Пред се претприемачот има одговорност пред самиот себе си да ја поттикнува мотивацијата кај своите вработени.
Во ова истражување ќе бидат користени методи на анализа на стручна литература за влијанието на мотивацијата на вработените на успешноста во работењето. Истражувањето поаѓа од фактот дека мотивацијата е една од најважната менаџмент функции и основна движечка сила.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Snezana Bardarova |
Date Deposited: | 06 Nov 2013 11:34 |
Last Modified: | 04 Aug 2015 09:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7965 |
Actions (login required)
View Item |