вторник, октомври 29, 2013 Скопје 14:04

Македонија

Џез-варијации во паркот „Бриони“ во Штип

Со премиерно претставување на „Гоце Стевковски септет“ и програма во која се дуото Качуркова – Костадиновски, интернационалниот „Амалија Бараона квартет“, „Скопје хот клуб“, турскиот „Фри зоун“ и проектот „Гоу ист јанг мен!“, од 7 до 9 јуни, на отворената сцена во паркот Бриони во Штип, ќе се случи петтото издание на „Астибо џез фестивал“ - манифестацијата која жилаво се бори да ја афирмира домашната сцена.

Амалиа Бараона Квартет.
Амалиа Бараона Квартет.
Големина на буквите - +
Наместо на крајот на мај како минатата година, Штип ќе пулсира во ритамот на најслободарската музика во деновите од претстојниот викенд. Случувањата на петтото издание на „Астибо џез фестивал“, на отворената сцена во паркот „Бриони“, ќе започнат со премиерното претставување на „Гоце Стевковски септет“.
Ова е претпремиера на материјалот што го работевме во изминативе два месеци. „7 приказни“ наскоро ќе се појави како издание на „Псворд продукција“, а музички потсетува на пост-бап стилот во џез музиката поради начинот на изведба на дувачите и мојот авторски концепт.

Гоце Стевковски, перкусионист.Гоце Стевковски, перкусионист.
x
Гоце Стевковски, перкусионист.
Гоце Стевковски, перкусионист.
Станува збор за новиот проект на еден од најистакнатите македонски тапанари и перкусионисти кој на пошироката публика и е познат по соработките со Кирил Џајковски, „Леб и сол“, „Архангел“, Никола Коџабашија, „Фолтин, „Проџект жлуст“, „ДНО“, Бодан Арсовски и „Езгија оркестар“, Зоран Маџиров и други. Стефковски, неодамна го сними материјалот за својот албум „7 приказни“ на кој го придружуваат повеќемина етаблирани македонски инструменталисти како Дамир Имери, Сашко Николовски, Иван Иванов, Трајко Велков, Кире Кузманов и Александар Икономов.
Без претерување Изет Кизил ми е омилениот перкусионист во цела Галаксија, а Костас или Дине Донев, името што во последно време го употребува не само кај нас туку секаде онаму каде што настапува, ми е еден од најдобрите басисти со кои што сум работел и што го знам. Со нив пред две години снимивме материјал за албум, но изданието сè уште не е излезено бидејќи обајцата сакаат некои композиции да ги пресвириме.

„Ова е претпремиера на материјалот што го работевме во изминативе два месеци. „7 приказни“ наскоро ќе се појави како издание на „Псворд продукција“, а музички потсетува на пост-бап стилот во џез музиката поради начинот на изведба на дувачите и мојот авторски концепт“, истакнува Стевковски.

Првата вечер ќе биде заокружена со перформансот на дуото Анета Качуркова – Зоран Костадиновски, гитарист кого го познаваме како член на забревтаните „Кабадајас“.
Македонскиот џез музичар Тони Китановски.Македонскиот џез музичар Тони Китановски.
x
Македонскиот џез музичар Тони Китановски.
Македонскиот џез музичар Тони Китановски.

Следува настапот на „Скопје хот клуб“ во кој се гитаристот Ристо Ивановски, неговата сопруга Виолета и Иван Бејков на бас. Тие во оваа пригода ќе го претстават  материјалот од албумот „Караваниа“ на кој се забележани џипси-џез кавери и ќе посегнат по некои џез и блуз стандарди кои и прилегаат на трио формацијата, а потем длабоко во саботната ноќ од сцената е планирано да потече ритамот на боса-новата. За тоа ќе се погрижат Португалката Амалија Бараона, хрватскиот басист и мултиинструменталист Динко Стипанчев, кубанско-американскиот перкусионист Оскар Салас и македонскиот гитарист Јовица Јовановски.

Бараона која детството го поминала во Бразил зад себе има две албумски објави од кои актуелната „Menescantando“ му е посветена на творештвото Роберто Менескал, еден од најистакнатите композитори од почетокот на Боса-нова движењето и автор кој има напишано над 400 песни. За неа велат дека поседува прецизен и самосвоен начин на вокална интерпретација, а музичките критичари ја споредуваат со популарните Џојс и Бебел Жилберто.

И, конечно третата и последна фестивалска вечер е планирано да донесе музика која ќе атакува на сите сетила. Воведот ќе го сторат „Фри зоун“, триото во кое се иранскиот перкусионист Тораб Мајлеси и неговите истанбулски пријатели Мехмед Озтурк и Бурим Говененлер, за да потем големото финале им припадне на Тони Китановски, Изет Кизил и Костас Теодору или заедно „Гоу ист јанг мен!“.

„Без претерување Изет Кизил ми е омилениот перкусионист во цела Галаксија, а Костас или Дине Донев, името што во последно време го употребува не само кај нас туку секаде онаму каде што настапува, ми е еден од најдобрите басисти со кои што сум работел и што го знам. Со нив пред две години снимивме материјал за албум, но изданието сè уште не е излезено бидејќи обајцата сакаат некои композиции да ги пресвириме. Тоа и ќе го направиме, но важно е тоа што сето тоа му го дадов на еден извонреден млад сценарист и режисер Иван Мариновиќ и тој е заинтересиран на своите два нови филма да ја стави музиката на овој бенд“, вели Китановски, во предвечерието на ова случување.

Организатор на „Астибо џез фестивал“ и овојпат е Дом на млади Штип во соработка со Џез одделот на Универзитетот „Гоце Делчев“ и локалната самоуправа.
Овој форум е затворен
Коментирајте
     
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.

Слушајте не:

Најпосетени

Мултимедиа

Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
Ховит: Политичкиот дијалог е приоритет
|| 0:00:00
... 🔇
Видео

Видео Ховит: Политичкиот дијалог е приоритет

По средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит изјави дека неговата цел е да испрати порака до сите партии во земјава да се создаде консензус со кој ќе се осигура евроа-тлантската иднина на Македонија.
Фотогалерија

Фотогалерија Пријателите се прислушкуваат

Строгодоверливите документи, обелоденети од екс соработникот на американската Агенција за национална безбедност Едврад Сноуден за прислушување на мобилните телефони на над 35 светски лидери се закануваат да и наштетат на американската надворешна политика.
Видео

Видео Интервју со Насер Селмани

Интервју со Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија.
Видео

Видео Светот на РСЕ 25.10.2013

ТВ Вести од регионот на Радио Слободна Европа
Видео

Видео Светот на РСЕ 24.10.2013

Вести од регионот на Радио Слободна Европа
Повеќе