Koceva, Daniela and Petrovski, Vlado (2012) Образовната политика и осврт кон разликите во образовните постигнувања по етничка основа во Република Македонија. Воспитание, списание за образовна теорија и практика,2012/2013, 6 (12). pp. 141-148.
Full text not available from this repository.Abstract
Република Македонија како мултиетничка, мултикултурна и
мултиконфесионална држава, преку својата легислатива им обезбедува
остварување, како на индивидуалните така и на колективните права на
етничките заедници. Во тој корпус на етнички права спаѓа и правото на
образование на етничките заедници. Но, и покрај тоа што легислативата
нуди нормални предуслови за образование на етничките заедници, во РМ
понатаму нема нивна задоволителна вклученост во образовниот систем
и онаму каде што се застапени, нивните постигнувања се на многу ниско
ниво. Оттука се појави инспирацијата и идејата за изработка на труд, со
цел, да се укаже на постојните разлики во образовните постигнувања кај
учениците по етничка основа како и комплетно да се посочат факторите
кои влијаат врз нивните образовни постигнувања.
Една од стратешките определби врзани со развојот на нашата
земја е подигнувањето на образовното ниво на населението, особено
на децата и младите. Формирањето на една здрава личност која ќе биде
способна целосно да се вклопи во општествените односи, а со тоа и да
го оствари правото за работа. Еден од главните фактори од кои зависи
правилниот развој на поединецот е образовниот систем. Колку степенот
на едуцираност на поединецот е поголем, толку е полесно неговото
вклoпување во современите текови на општествениот живот и многу
полесно наоѓа работа на пазарот на трудот. Едукацијата претставува
едно од најмоќните оружја за остварувањата на правата на поединецот,
посебно на припадниците на етничките заедници. Колку една личност е
поедуцирана, толку зазема повисоки позиции во општествената скала.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Vlado Petrovski |
Date Deposited: | 29 Oct 2013 15:06 |
Last Modified: | 29 Oct 2013 15:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7848 |
Actions (login required)
View Item |