Sumanov, Gorgi and Velickova, Nevenka (2013) Состојбата на тетанусот во Република Македонија во периодот 1945 – 2010. In: IV Македонски конгрес за историја на медицина со меѓународно учество, 18-19 Apr 2013, Скопје.
Preview |
Text
Sostojba na tetanus vo R.Makedonija.pdf Download (5MB) | Preview |
Text
Програма за IV македонски конгрес (2).doc Download (223kB) |
Abstract
Цел: согледување на епидемиолошките карактеристики на тетанусот во Република Македонија во периодот 1945-2010 година.
Материјал и методи: За проучувањето на на тетанусот во Република Македонија, во периодот 1945-2010 година е применет дескриптивниот епидемиолошки метод, со статистичка обработка и анализа на податоците. Оваа студија се темели на годишните извештаи за движењето на заразните болести, на Републичкиот завод за здравствена заштита и годишните извештаи на Институтот за превентивна медицина на Воената болница.
Резултати и дискусија: Во периодот 1945-2010 година во Република Македонија вкупно се регистрирани 1217 заболени од тетанус, од кои 521 се со смртен исход. Просечниот морбидитет за овој период е 1,4%ооо, морталитетот 0,67%ооо, а леталитетот изнесува 42,8%. Во анализираните петгодишни периоди (1945-1990 година), Просечниот морбидитет на тетанусот во Република Македонија е понизок од истиот морбидит во СФР Југославија, освен во периодот 1966-1970 година. Во периодот 1945-1950 овој однос е најизразен, за два пати е понизок морбидитетот во Република Македонија. Во периодот 1991-2000 година Просечниот морбидитет на тетанусот во Република Македонија, за пет пати е понизок од морбидитетот во СР Словенија (0.07:0.34 на 100 000 население) и е на ниво на европскиот просек.
Заклучок: Тетанусот е постојано актуелно заболување. Денес тетанусот не претставува епидемиолошки проблем за Република Македонија, но имунопрофилаксата останува актуелна и треба да се одржува и унапредува.
Клучни зборови: тетанус, морбидит, морталитет,
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 25 Oct 2013 12:32 |
Last Modified: | 27 Nov 2014 11:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7782 |
Actions (login required)
View Item |