Velickova, Nevenka (2013) Сестринството како професија, предизвик или ризик? In: Simpozijum zdravstvenih radnika Srbije i kategorije „progres kroz znanje” (sa međunarodnim učešćem), 05-09 June 2013, Zlatibor, Srbija.
Preview |
Text
Sestrinstvo kako profesija_Predizvik ili rizik.pdf Download (885kB) | Preview |
Abstract
Сестринството како професија има свои права, привилегии и одговорности кои постојано треба да ги наметнува и развива. Медицинската сестра ја има водечката улога во подрачјето на современото сестринство и во спроведувањето на адекватна здравствена нега. Целокупното техничко и научно достигнување во медицината како и зголемените барања за квалитетна услуга од областа на сестринството и здравствената нега се поврзани со потребата од постојана едукација и стручно усовршување. Во Европа постојат модели за организации кои позитивно деjствуваат на сестринската пракса и кои можат да се применат врз сестринските работни средини и со тоа да придонесат за оптимална социјална и психолошка добростојба на сестринскиот персонал.
Цели на трудот: Цел на ова истражување е да се утврди нивото на современо сестринство во Р. Македонија, местото и улогата на мединската сестра во целокупниот здравствен систем и креирањето на релевантна здравствената политика, нејзината континуирана едукација и безбедност на работното место.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 25 Oct 2013 12:19 |
Last Modified: | 25 Oct 2013 12:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7781 |
Actions (login required)
View Item |