Zlatanovska, Katerina and Radeska, Ana and Zarkova, Julija (2012) Миофацијален болен дисфункционален синдром. Medicus, информативен гласник на јавното здравство – Штип, 3 (15). pp. 27-28. ISSN 1857-5994
Preview |
Text
3.МИОФАЦИЈАЛЕН БОЛЕН ДИСФУНКЦИОНАЛЕН СИНДРОМ.pdf Download (278kB) | Preview |
Abstract
Миофацијален болен дисфункционален синдром (МБДС) е функционална миоартропатија и спаѓа во најчестите заболувања на стоматогнатниот систем. После кариесот, неговите компликации и пародонтопатиите, МБДС денес зазема трето место помеѓу заболувањата на забите, устата и вилиците. Имајќи во предвид дека постојат повеќе поливалентни етиолошки фактори кои можат да доведат до функционални миоартропатии, постојат и повеќе синоними кои денес се во употреба: Костеренов синдром, орофацијална дискинезија, МБДС. Има се поголем број на автори кои и сублуксацијата на долновиличниот зглоб ја вбројуваат во оваа група на функционални миоартропатии.
Со цел да се постави дијагноза, неопходно е да се земат детални анамнестички податоци, особено бидејќи во етиологијата на МБДС психичките причини играат многу често одлучувачка улога. Освен нив, зголемен тонус на мускулите може да настане и поради хиперактивност на стоматогнатниот систем, како и парафункции: стискање, шкрипење со заби, често заземање на ексцентрична оклузија, вовлекување на горна и долна усна помеѓу забите, притисок со јазикот на фронталните заби, вовлекување на долната вилица, мотерен тик, стискање на заби при стрес. Овие моторни реакции се несвесни и доколку поминат во навика, да се изведуваат често дење или ноќе, преминуваат во парафункции, што е и најчеста причина за МБДС
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Julija Zarkova Atanasova |
Date Deposited: | 29 Oct 2013 09:06 |
Last Modified: | 06 Aug 2015 09:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7727 |
Actions (login required)
View Item |