Цитогенетските методи како индикатори за генотоксичноста во организмот

Velickova, Nevenka and Petrova, Biljana (2013) Цитогенетските методи како индикатори за генотоксичноста во организмот. In: 41-ви Октомвриски средби со меѓународно учество, 03-06 Oct 2013, Струга.

[thumbnail of citogenetski metodi.pdf]
Preview
Text
citogenetski metodi.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Воведен дел: Генетичката токсикологија или генотоксикологијата го проучува влијанието на физичките и хемиските агенси врз генетскиот материјал на експонираната индивидуа, предизвикувајќи соматски мутации и генотоксични ефекти. Исто така таа ги проучува механизмите на создавање на генетските оштетувања, супстанциите кои ги предизвикуваат истите и ги усовршува експрименталните модели со кои можат да се утврдат таквите промени. Тоа значи дека поголеми дози од овие средства дејствуваат летално, токсично или канцерогено, додека малите дози можат да имаат кумулативен ефект, да се одржуваат подолг временски интервал и последиците да се забележат во некои од наредните генерации.
Цели на трудот: Да се укаже на важноста од примената на неколку цитогенетски тестови како маркери во генетоксикологијата.
Материјал и методи: Постојат неколку цитогенетски тестови (CBMN TEST –микронуклеусен тест, детекција на центромерите во микронуклеусите (со помош на FISH методата (Fluorescentna In Situ Hibridizacija), SCE TEST – тест за размена на сестрински хроматиди, биолошка дозиметрија на дицентрични хромозоми) кои се користат како индикатори за евентуалните хромозомски оштетувања од генотоксични агенси.
Заклучок: Нотираните цитогенетски методи се општо прифатени од СЗО и истите се утврдени во листата на стандардни краткотрајни (short-term) тестови за генотоксиколошки скрининг на хумана популација и истите користат култура од периферни лимфоцити. Се работи за едноставни, веродостојни и осетливи тестови бидејќи со нив можат да се детектираат оштетувања во молекулата на ДНК и дополнителни реаражамани на генетскиот материјал во клетката.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 22 Oct 2013 09:33
Last Modified: 10 Aug 2015 07:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7682

Actions (login required)

View Item View Item