Развој на Хибридна Концентрирачка Сончева Термоелектана во ТЕ Битола - Дел I

Cvetkovski, Saso and Cingoski, Vlatko and Nikolov, Igor (2013) Развој на Хибридна Концентрирачка Сончева Термоелектана во ТЕ Битола - Дел I. In: 8 Советување - МАКО-СИГРЕ, 22-24 Sept 2013, Ohrid, Macedonia.

[thumbnail of MAKO-CIGRE 2013 - clanak br-1.pdf]
Preview
Text
MAKO-CIGRE 2013 - clanak br-1.pdf

Download (648kB) | Preview

Abstract

АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), отпочна со развој на проект за концентрирачка сончева електрана во близина на термоелектраните на РЕК Битола (ТЕ Битола). За изработка на проектната документација ЕЛЕМ ангажираше конзорциум составен од реномираната француска консултантска компанија Artelia и француска консултантска компанија посветена на развој на проекти од механизмот за чист развој (CDM), Carbonium.
Цел на проектната задача доставена до консултантите беше изработка на сеопфатна компаративната анализа, избор на оптимална техничка конфигурација и концептуален проект на изградба на хибридна соларна централа на локација блиска до ТЕ Битола. При тоа беше водено предвид дека новиот проект треба во себе да ги обедини најдобрите можности за интеграција на новопроектирана сончева електрана во постоечката конвенционална термоелектрана ТЕ Битола која работи на домашен лигнит.
Основен заклучот на изработената Техничка студија за изводливост беше дека најдобра опција за хибриден концепт на користење на сончева енергија и домашниот лигнит во ТЕ Битола е предгревањето на напојната вода помеѓу последниот високопритисен грејач на вода и влезот во котел со користење на сончева енергија. Сончевата енергија која би се користела во разменувачот на топлина првично би ја подигнувала температурата на водата од 250°C на 285°C со што се намалува потребната енергија во котелот како резултат на горење на лигнит. На тој начин, во периодите на денот кога има сончево зрачење, може да се реализира соодветно намалување на на потребната моќност на котелот и следствено на тоа, намалување на потрошувачката на јаглен на термоелектраната во тој период на денот.
Ваквото техничко решение овозможува избегнување на било какви модификации на оперативните параметри на турбината, што реално не е лесно да се изведе без последици и можни грешки. Едновремено, ваквото техничко решение не влијае врз ефикасноста на котелот и осигурува високи коефициенти на полезно дејство и конверзија на сончева енергија во електрична енергија со минимален трошок за производство на обновлива сончева енергија. Во овој труд ќе бидат прикажани главните резултати и заклучоци од изработената Техничката студија за изводливост за изведба на Проектот за хибридна концентрирачка сончева електрана во Битола.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Engineering and Technology > Environmental engineering
Natural sciences > Physical sciences
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Vlatko Cingoski
Date Deposited: 30 Sep 2013 10:01
Last Modified: 30 Sep 2013 10:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7583

Actions (login required)

View Item View Item