Историски развој на реставративната стоматологија

Kovacevska, Ivona (2013) Историски развој на реставративната стоматологија. In: 4 Меѓународен конгрес: Историја на медицината, 18-20 Apr 2013, Скопје.

[thumbnail of 4 KONGRES ISTORIJA NA MEDICINATA.ppsx] Slideshow
4 KONGRES ISTORIJA NA MEDICINATA.ppsx

Download (2MB)

Abstract

Постоењето на кариесот е опишано многу одамна. Во текот на бронзената и железната доба застапеноста на кариесот била многу ниска. Зголемување на преваланцата на кариесот се зголемува во неолитниот период кога започнала употребата на јаглехидрати во исхраната. Во праисторијата се сметало дека „дупките на забите“ настануваат поради тоа што забите го „јаделе црви“. Ваквата теорија се задржала некаде до почетокот на XVIII-от век.
Во минатото постоеле бројни начини за третман на денталните болки. Денталните болки кинезите во ги лекувале со акупунктура. Старите Египкани користеле разни билки за намалување на болката како и разни начини за превенција на заболувањето. Во овој период најсилно оружје на стоматолозите биле „магиите “ со кои ги лекувале своите пациенти. Бројни клинички постапки биле изведувани во овој период:пломбирање, дренажа на абсцесите и екстракција на забите.
После овој период настанува стагнација на стоматолошката мисла.Доцна во деветнаесеттиот век, стоматолози биле соочени со зголемување на барањата за да се зачуваат забите од настанување на забен кариес. Амалгамот бил за прв пат употребен во Европа, во 1855година. M. Hunter и E. Townsend во САД ја објавиле формулата на амалгам што се состоел од калај, сребро, и жива. Амалгамот
беше првично критикуван поради неговата содржина и лошите физички својства, тие се подобрени се со цел истиот да стане материјал на избор од крајот на деветнаесеттиот век.
Механичките напредоци довеле до подобрување и олеснување на стоматолошката пракса за време на крајот на деветнаесеттиот век.Овие случувања во технологијата, сепак, не биле поврзани со унапредувањето на знаењето за дијагнозата, етиологија, како и терапијата на забен кариес.
Значаен исчекор стоматологијата направила во XX-от век со почетокот на употребата на современите стоматолошки столици , насадни инструменти и материјали со сто кај пациентот се овозможува соодветно полнење за да се овозможи соодветна естеттика и функција.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 24 Sep 2013 12:16
Last Modified: 24 Sep 2013 12:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7546

Actions (login required)

View Item View Item