30.11.2011 | 13:34

Една мрачна ноќ со Маја Кикириткова

Откако колекцијата Dark Night премиерно ја претстави на Моден викенд, македонската дизајнерка Маја Кикириткова направи и ексклузивна фотосесија со Ани и Дими во која учествуваат манекенката Ана Калачоска и актерката Јелена Јованова



Силна и независна жена која знае што сака и не се плаши од предизвиците што ги носи животот е лајтмотивот на дизајнерката Маја Кикириткова во подготвувањето на колекцијата Dark Night наменета за сезоната есен-зима 2011/12. Вообичаено инспирирана од жените што се уникатни, поинакви и секогаш забележливи во околината во која се движат, во моделите на Кикириткова може да се пронаје секоја самоуверена жена.

-Оваа колекција настана како продолжение на претходната Rock&Romance. Наречена е Dark night затоа што сите креации се во црна боја, комбинирани се со метал кој му дава акцент на секоја креација, а како детали застапени се патентите – вели Кикириткова.

По впечатливиот ревиски настап на последниот Моден викенд проследен со кус перформанс во финалето од ревијата, Кикириткова вниманието ни го привлече и со најновата фотосесија во која се појавуваат Ана Калачоска и Јелена Јованова, личности со кои најчесто соработува во последниве сезони.

-Веднаш по Модниот викенд ја направивме оваа фотосесија во режија на Ани и Дими, а главните улоги ги играа манекенката Ана Калачоска и актерката Јелана Јованова. Навистина тешка театарска престава беше тоа. Во 5 часот наутро, на неколку степени под нулата, моите актерки извонредно ја изиграа нивната улога. За фризурата и шминката се погрижи Зоки Давитков, а накитот е на Горам Сиџимовски – Flamboyant. Самите фотографии зборуваат многу, нели!?

 

























Коментари

1 Коментар

  • Коментирај Moden Kritichar Среда, 30 Ноември 2011 20:14 искоментирано од Moden Kritichar

    Kopija (prilichno losha) na Alexsander Mcqueen vo kombinacija so Graeme Armour i Preen line pa duri i L>A>M>B...... aloo dosta e veke od loshi kopii na makedonskite dizajneri..... by the way ovie kolekcii se fall winter 2010 / 2011

Остави коментар

Внесете ги сите полиња означени со ѕвездичка (*).