Madzova, Violeta and Davcev, Ljupco (2013) Улогата на монетарната политика во време на економска криза. In: Меѓународен дијалог Исток -Запад, 20-21 Apr 2013, Свети Николе, Македонија.
Preview |
Text
Улогата на монетарната политика во време на економска криза.pdf Download (252kB) | Preview |
Abstract
Анализирањето на традиционалната улога на монетарната и фискалната политика секако започнува со акцент на консензуалното гледишта на економистите и политичарите дека централните банки се одговорни за гарантирање на стабилноста на цените на среден рок. Додека инфлациските очекувања остануваат добро закотвени, монетарната политика може и веројатно треба да придонесе за стабилизација. Монетарната политика мора да работи навремено и ефикасно. Тоа е задача која е делегирана на технократите кои имаат право да дејствува на ограничен дискреционен начин, ослободени од политичко влијание, но со јасен правен или уставен мандат. Исто така, постои општа согласност дека монетарната политика има, или треба да има, само ограничен дистрибутивни ефекти. Прифатливо дистрибутивни ефекти на монетарната политика се оние кои произлегуваат од промена на каматните стапки, од кои имаат корист или негативно влијание на штедачите и инвеститорите. Спротивно на тоа, фискалната политика е регулирана со одлуки
преземени од страна на избраните политичари. Фискалната политика превзема силни дистрибутивни ефекти преку одлуки во однос на даноците и јавните трошоци. Улогата на фискалната политика после финансиската криза се смета дека треба да биде ограничено само во рамките и во улога на автоматски стабилизатор. Причината за спротивставување на користењето на дискреционите фискални политики е загриженост поради упорно големите буџетски дефицити, неодржливи должнички нивоа, и сомнежите околу способноста на политичкиот систем да се справи со даночните проблеми и одлуките околу фискалната потрошувачка доволно брзо да се постигне саканата стабилизација.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Violeta Madzova |
Date Deposited: | 12 Sep 2013 12:23 |
Last Modified: | 12 Sep 2013 12:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7185 |
Actions (login required)
View Item |