Vasileva, Ivana and Dimitrov, Gligor and Sterjovska-Aleksovska, Andrijana and Velickova, Nevenka (2013) Фертилни пореметувања кај пациентки со неплодност и ендометриоза. In: 3-ти Конгрес на гинеколози и акушери на Македонија, 13-15 May 2013, Охрид.
Preview |
Text
Фертилни пореметувања кај пациентки со неплодност и ендометриоза.pdf Download (333kB) | Preview |
Abstract
Вовед: Eндометриозата, како еден од водечките фактори за инфертилитет, влијае и врз успехот на IVF.
Цел и методи: Цел на студијата е да се утврди процентот на неплодност во југоисточниот дел на РМ, распространетоста на ендометриозата и утврдување на нејзиниот ефект врз IVF. Податоците се од пациентки од регионот на Струмица кои се јавиле во Поликлиника Ре-Медика-Струмица со инфертилитет и жени со ендометриоза во тек на 2012/13г. Во испитуваната група се пациентки со ендометриоза и инфертилитет, а остатокот во контролната група. Испитуваниот исход беше стапка нa клиничка бременост. Се анализираа и добиен број ооцити, стапка на оплодување и број на квалитетни ембриони погодни за трансфер. Обработката на податоците е со дескриптивен и аналитичкички метод.
Резултати: Месечната веројатност за забременување е 20-25%. Во секој нареден месец бројот на оние кои не забремениле се намалува за 25%-30%. По 1 година околу 85% од жените забременуваат. Вака е добиена дефиницијата за инфертилитет и процентот на жени во репродуктивен период со неплодност (15% од вкупната популација во Р.М. т.е. секој 8-ми пар). Споредбено, во САД/Канада процентот на неплодност се движи од 12-14%. Од вкупно 300 жени кои се јавиле во Поликлиниката, дури 15% односно 37 жени се со неплодност. Испитувана група се 17 жени со дијагностицирана ендометриоза, а останатите 283 се контролна група. Од сите 37 со инфертилитет упатени на IVF, констатирано е дека групата со ендометриоза има значително понизок број извадени ооцити и значително пониски стапки на оплодување/имплантација и клиничка бременост, како и помал број квалитетни ембриони погодни за трансфер споредено со групата без ендометриоза. Не постои значајна разлика во стапките на оплодување/имплантација/клиничка бременост меѓу пациентки со умерена и тешка ендометриоза. Разлики има и во возраста: жени до 35 год имаат стапки на оплодување/имплантација повисоки од постарата подгрупа.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 05 Sep 2013 09:42 |
Last Modified: | 05 Sep 2013 09:42 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7163 |
Actions (login required)
View Item |