Nasteski, Vladimir and Gelev, Saso (2009) Безбедност на VoIP системите. In: Прва конференција за информатички технологии за млади истражувачи CITYR.
Preview |
Text
CITYR09 Zbornik_na_trudovi-Bezbednost na VoIP SISTEMITE.pdf Download (378kB) | Preview |
Abstract
Voice over Internet Protocol е термин, односно интернет протокол, кој означува пренос на гласовни комуникации преку Интернетот. VoIP системите обично работат со PSTN (Public Switched Telephone Network), кој пак овозможува транспарентна телефонска комуникација низ целиот свет. Оваа технологија за пренесување на гласовни разговори преку Интернет до крајните корисници се овозможи во крајот на осумдесеттите години од минатиот век. VoIP системите го пренесуваат говорот како дигиталното аудио, користејќи ја техниката на компресија на говорен податок, пакување на мали единици, обично на десетици милисекунди од говор. Системот е повеќе подложен на застој и на DoS (Denial of Service) напади отколку традиционалните circuit switched системи, бидејќи IP телефоните и IP инфраструктурата се поврзани на рутери или сервери, кои зависат од поставеноста на електронската мрежа или некој друг локален генериран извор на струја, што не е случај кај вообичаените телефони, кои пак при пад на струјата, истите продолжуваат да функционираат преку backup генераторите или батерии лоцирани во телефонските централи. VoIP исто така обезбедува низа на сервиси кои засега можат тешко да се имплементираат, од функционална гледна точка. Потоа, бидејќи UDP не нуди механизам за осигурување на доставувачките пакети во секвенцијален ред, или не нуди сигурносен Quality Of Service – QoS (што е еден од најголемите проблеми на VoIP), VoIP имплементациите се соочуваат со проблемот на латентност, џитер, губење на пакети и ехо. Овој труд дава приказ на проблемите со кои се соочува VoIP и мерки кои можеме да ги превземаме доколку се појави одреден проблем при VoIP комуникацијата.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Saso Gelev |
Date Deposited: | 13 Sep 2013 09:56 |
Last Modified: | 13 Sep 2013 09:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7110 |
Actions (login required)
View Item |