Упатство за користење на АКМИС при внесување на индикатори за малолетничка правда

Nanev, Lazar (2011) Упатство за користење на АКМИС при внесување на индикатори за малолетничка правда. [Project]

[thumbnail of УПАТСТВО за користење на АКМИС при внесување на индикатори за малолетни престапници.doc] Text
УПАТСТВО за користење на АКМИС при внесување на индикатори за малолетни престапници.doc

Download (7MB)

Abstract

Институциите кои работат во областа на малолетничката правда се соочуваа со недостаток на точни и веродостојни податоци. За решавање на овој недостаток, УНИЦЕФ ја поддржа Владата во воспоставување на национален систем за следење на спроведувањето на Законот за малолетничка правда. Системот вклучува 21 индикатор донесени од страна на Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.
Процесот на донесување на системот за следење на спроведувањето на Законот за малолетничка правда опфати одржување на серија на работилници, а беа одржани и обуки за примена на индикаторите. По усвојувањето на индикаторите, локален консултант беше ангажиран да работи на прибирање на податоци од 12 основни судови со поширока надлежност, 12 канцеларии на јавени обвинители, Министерството за внатрешни работи и Заводот за социјални дејности. Врз основа на собраните податоци, во 2011 година беше изработен Годишниот извештај на Националниот совет за спречување малолетничка деликвенција, кој потоа беше усвоен од страна на парламентот.
По утврдувањето и усвојувањето на индикаторите, Авторизираниот информациски систем за управување со предмети во судовите – АКМИС беше надграден за да ги вклучи индикаторите за малолетничка правда. Со тоа се овозможува системот да генерира споредливи и веродостојни податоци за состојбата на децата во ризик и во судир со законот. Добиените податоци ќе овозможат развивање на политики засновано на докази, редовно следење и известување за состојбата на децата, како и следење на институционалните постапки за децата.
Министерство за правда (МП), Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Министерство за внатрешни работи (МВР) со поддршка на УНИЦЕФ ќе продолжат со напорите за унапредување на националниот систем за следење на спроведувањето на Законот за малолетничка правда, со цел воспоставувањ на стабилна и сигурна алатка за собирање на податоци и управување со системот за малолетничка правда.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Lazar Nanev
Date Deposited: 03 Sep 2013 08:52
Last Modified: 03 Sep 2013 08:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7058

Actions (login required)

View Item View Item