Нови образовни технологии за деца од предучилишна возраст

Hristov, Risto and Kaevik, Zorica and Gelev, Saso and Hristova, Snezana (2013) Нови образовни технологии за деца од предучилишна возраст. In: Трета меѓународна научна конференција „Промените во глобалното општество“, 6-7 June 2013, Скопје.

[thumbnail of Нови образовни технологии за деца од предучилишна возраст.pdf]
Preview
Text
Нови образовни технологии за деца од предучилишна возраст.pdf

Download (785kB) | Preview

Abstract

Бурниот развој на новите информационо-комуникациски технологии не го заобиколи предучилишното образование. Но, специфичностите на предучилишниот образовен и воспитен систем одредуваат посебен начин на воведување на информациските технологии. Оваа категорија на деца се во деликатна фаза од развојот која бара внимание при воведување на новини бидејќи во спротивно и покрај прогресивноста на тие новини, можат негативно да влијаат и да се злоупотребуваат. Затоа, воведувањето на информациско-комуникациските технологии потребно е да се реализира преку нивна примена и интеграција во воспитно-образовната работа на воспитувачите во насока на позитивно влијание во сите области од развојот на децата, подигнување на квалитетот на сите сегменти од воспитно-образовната работа и развој на медиумската култура на детето.
Анализите спроведени во трудот покажуваат дека е неопходна интеграција на новите компјутерски технологии во предучилишното образование, но само како дополнително средство, не и како основно и единствено дидактичко средство. Затоа, во таа насока е креиран еден мултимедиски прирачник наречен „Препознавање на облици“ во кој низ серија на интерактивни мултимедијални активности децата од предучилишна активност се запознаваат со поимите геометриски слики и геометриски тела (права, крива линија, триаголник, квадрат, правоаголник, многуаголник, коцка, квадар, топка). Прирачникот е богат со квалитетен графички интерфејс, мултимедииска подлога и едноставно конципиран управувачки систем кој пред се се потпира на мултимедиски елементи. Се надеваме дека ќе биде иницијална каписла за што побројна и поквалитетна креација на вакви или слични прирачници.
Клучни зборови: Предучилишно образование, информационо- кумуникциски технологии, мултимедиски образовни прирачници.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Saso Gelev
Date Deposited: 25 Jun 2013 08:23
Last Modified: 27 Sep 2013 07:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6655

Actions (login required)

View Item View Item