Професионалната етика на наставникот

Hristovska, Dijana and Jovanova-Mitkovska, Snezana (2010) Професионалната етика на наставникот. Vospitanie (11). pp. 33-45.

[thumbnail of Професионалната етика на наставникот.pdf]
Preview
Text
Професионалната етика на наставникот.pdf

Download (195kB) | Preview

Abstract

Новата филозофија на живеење и работење бара поголема издржливост, флексибилност, оргиналност, креативност, амбициозност, емоционална интелегенција за живот и работа во демократско и мултикултурално општество. Во овој период на динамични промени професијата наставник доживува силна трансформација. Досегашното традиционално училиште негуваше стил на осамена, изолирана, преоптоварена професија без доволно време и желба за кооперативност,тимска работа, професионално усовршување. Долго време професијата наставник се сметала за осамена професија.
Професионалната изолација на наставникот создава отпор кон промените и доведува до професионална алиенираност која најчесто се граничи со нељубезност, нeкооперативност, недостаток на знаења...
Модерните трендови во образованието бараат промени во наставничката подготовка, наставничките способности и вештини, наставничките компетенции, наставничкото однесување. Многу важно поле на промени во наставниот профил се: промовирање на нови резултати од професионалното усовршување, промени во верувањата и вредностите, вклучување и донесување на нови стратегии, вештини на подучување, прифаќање на нови знаења, промени во организацијата и структурата на училницата, вклучување во интерперсонална комуникација.
Наставникот во квалитетното училиште не е само презентер на знаења и информации, тој е дијагностичар и стимулатор на личните, социјалните, когнитивните, емоционалните способности, вештини, вредности на учениците, што овозможува континуиран напредок на учењето. Отворената соработка, интерактивното влијание, професионализмот, емоционалната интелегенција се интегрираат како моќна комбинација во личноста на наставникот како педагошки водач.
Токму оттаму и го поставуваме прашањето дали овие професионални етички парадигми се доволни за јакнење на професионалната етика на наставникот, што се треба да се направи во насока на подобрување на работата во училницата, кои се предлозите и сугестиите на наставниците и родителите за подобрување на работата на наставникот.
Целта на овој труд е да се истакнат општо прифатливите способности и компетенции кои всушност претставуваат серија од професионални, етички, човечки квалитети што се интегрираат во професијата наставник.
Во овој труд ќе се обидеме да одговориме на овие и други прашања околу суштинските карактеристики на наставникот како модел на етичко однесување во наставниот процес и ќе ги презентираме резултатите од истражувањето за наставничката оспособеност и компетенции.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Snezana Jovanova
Date Deposited: 17 Jun 2013 14:01
Last Modified: 17 Jun 2013 14:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6612

Actions (login required)

View Item View Item