Индустриски сајбер напади – Глобална безбедносна закана

Bogdanoski, Mitko and Risteski, Aleksandar and Bogdanoski, Marjan (2012) Индустриски сајбер напади – Глобална безбедносна закана. In: International conference “The Faces of the Crisis”, European University, 09-10 March 2012, Skopje, R. Macedonia.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.kosturanova_Desktop_Mitko Bogdanoski - Trudovi za UGD Repozitorium_Telekomunikacii - Kompjuterski Nauki_5. INDUST~1.PDF]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.kosturanova_Desktop_Mitko Bogdanoski - Trudovi za UGD Repozitorium_Telekomunikacii - Kompjuterski Nauki_5. INDUST~1.PDF

Download (1MB) | Preview

Abstract

Сајбер нападите за многу брзо време прераснаа во една од водечките закани врз комплетниот безбедносен систем како на национално, така и на глобално ниво. Полето на искористување на овие напади од ден на ден е сè поголемо, што е причинето пред сè од сè поголемата компјутеризираност на секоја гранка во индустријата.
Сè поголема е свеста и кај најмалите познавачи на оваа проблематика дека сајбер закана може да предизвика огромни штети кои не би се разликувале од штетите нанесени со било каква воена операција, а сајбер оружјето, на многу посуптилен начин, може да одземе повеќе животи од било каков конвенционален напад.
Владите низ целиот свет, како и сите големи светски организации, се подготвуваат да се справат со овој масивен технолошки повик за закани од глобални размери. Свеста за заканата и ризиците е висока, што условува, и покрај кризната економска ситуација во светски рамки, издвојување на голема сума на пари со цел подготовка за одговор на нови вонредни состојби кои би биле причинети од глобалните сајбер напади.
Работата во овој труд се фокусира на сајбер нападите како глобална безбедносна закана со огромни импликации не само врз поединци или системите на една компанија, туку и врз комплетниот безбедносен систем на една држава, со можност за предизвикување на кризи од многу пошироки размери. Посебен акцент се става врз најновите индустриски напади, кои според најголем број истражувања од релевантни организации во оваа област, се ставени како најголеми моментални сајбер закани и меѓу најголемите глобални закани воопшто.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Uncontrolled Keywords: Глобална безбедност, сајбер, индустриска безбедност, stuxnet, duqu.
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Military Academy
Depositing User: Biljana Kosturanova
Date Deposited: 30 May 2013 12:44
Last Modified: 27 Sep 2013 09:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6459

Actions (login required)

View Item View Item