Управување со димензиите на одржливоста како детерминанти на одржливиот развој

Matlievska, Margarita and Dzamtoska-Zdravkovska, Suzana (2013) Управување со димензиите на одржливоста како детерминанти на одржливиот развој. Зборник на научни трудови, IV Меѓународна научна конференција, корпоративен меѓународен славјански универзитет “Г.Р.Державин” - Свети Николе – Р.Македонија „Меѓународен дијалог Исток – Запад (култура, славјанство и економија” Свети Николе, 2013. pp. 544-549.

[thumbnail of ZBORNIK 4 - matlievska.pdf]
Preview
Text
ZBORNIK 4 - matlievska.pdf

Download (841kB) | Preview

Abstract

Одржливиот развој е глобално прифатена филозофија на развојот и напредокот и ги сублимира духовните идеали на целото човештво во единствена логична целина. Филозофијата на економскиот раст сфатена како кумулирање на материјално богатство потклекна и ја изгуби битката пред етичкиот концепт на одржливоста на развојот. Како врвни вредности, одржливиот развој на прв план ги става еднаквоста, праведноста, етичноста и одговорноста кон сегашните и идните генерации. Во денешен современ контекст, одржливоста всушност значи одржливост на човековото општество кое е потполно зависно и временски нераскинливо поврзано со природните системи. Во динамички систем како што е човековото општество, одржливоста е прашање на рамнотежа, баланс одржан низ времето и просторот. Одржливоста е динамична; таа е повеќе квалитет на движење отколку фиксна точка. Во практиката, можеби е подобро одржливоста да се дефинира како недостиг на сили кои се стремат да го нарушат балансот со тек на времето, бидејќи повеќе сили можат симултано да дејствуваат и да го нарушат еквилибриумот. Кога сите сили кои ја нарушуваат рамнотежата во системот се отстранети, тогаш може да се достигне одржливост (Dahl, A.L., 1995). Во обидот да се дефинира одржливиот развој, во литературата постојат повеќе дефиниции, кои имаат заедничка карактеристика: сите тие наложуваат светот да се гледа како систем - систем кој го поврзува просторот и систем кој го поврзува времето.
Кога размислуваме за светот како систем во просторот, тогаш треба да се сфати дека загадувањето на воздухот во Северна Америка влијае врз квалитетот на воздухот во Европа, а пестицидите користени во Јужна Америка можат да му наштетат на рибниот фонд во Австралија.
Кога го гледаме светот како систем низ времето, тогаш сфаќаме дека одлуките кои ги носеле нашите предци за обработка на почвата влијаат врз начинот на кој ние ја обработуваме денес; и дека економските политики кои денес ги воведуваме ќе имаат свој импакт врз нашите деца.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Margarita Matlievska
Date Deposited: 01 Jul 2013 07:29
Last Modified: 26 Nov 2013 12:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6434

Actions (login required)

View Item View Item