Македонската поезија од 20 век за Александар Македонски

Mladenoski, Ranko (2013) Македонската поезија од 20 век за Александар Македонски. Современост, 62 (1). pp. 54-64. ISSN 0038-5972

[thumbnail of Ranko Mladenoski tekst Sovremenost 1 2013.pdf]
Preview
Text
Ranko Mladenoski tekst Sovremenost 1 2013.pdf

Download (465kB) | Preview

Abstract

Трудот претставува преглед на присуството на Александар III Македонски во македонската поезија објавена во 20 век каде што славниот македонски крал зазема значајно место во врска со зачестеноста на неговото појавување. Притоа, во голема мера се врши книжевно-уметничка елаборација на ликот Александар Македонски како интерактивен код на културите и тоа од бројни, но и од мошне разновидни аспекти. Пред сè, тоа се однесува на интегрирањето на Александар Македонски како интерактивен код на многубројни култури и народи кои временски и просторно се мошне далечни меѓу себе. Во прилог на изнесената теза оди и често нагласуваниот мултикултурализам на големата Империја што ја создал Александар Македонски на три континенти, односно во Европа, Африка и Азија. Во оваа поезија се обработуваат бројни историски теми за Александар Македонски со внесување на книжевни (фикциски) елементи преку имагинацијата на поетите и тоа за настани за кои историјата нема сигурни, автентични податоци. Во тој контекст, значајно место заземаат прашањата, односно дилемите за космополитизмот на Александар Македонски.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 21 May 2013 08:17
Last Modified: 21 May 2013 08:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6348

Actions (login required)

View Item View Item