Spasova, Dragica (2008) Сортна сепецифичност на овесот во услови на органско и конвенционално производство. Авторезиме од докторска дисертација. PhD thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј‟ - Скопје .
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.atanasova_Desktop_Doktorska disertacija od Dragica Spasova - avtorezime.pdf Download (438kB) | Preview |
Abstract
Во периодот од 2005-2007 година беа изведени испитувања со пет популации овес (популација кривогаштани, популација требеништа, популација радолишта, популација бугарија, популација кучевиште) и три сорти овес (рајац, славуј и ловќен), кои беа поставени во услови на органско и конвенционално производство.
Основна цел беше да се утврдат разликите на морфолошките, биолошките и производствените карактеристики на испитуваните популации и сорти, како и разликите меѓу органското и конвенционалното производство. Со анализата на испитуваните сорти и популации и нивните карактеристики, може да се утврди која сорта и популација е најсоодветна за органско а која за конвенционално производство за овој или други производни реони со слични почвено-климатски услови, кои ќе бидат најпогодни и ќе гарантираат високо и сигурно производство.
Опитите се поставувани според методот на случаен блок систем во четири повторувања, на основни парцелки со површина од 5 m², на површините на опитното поле во Институтот за јужни земјоделски култури во Струмица.
Приносот на зрно по единица површина просечно за тригодишниот период, одгледуван во услови на органско производство се движи од 3833 kg/ha кај популацијата кривогаштани до 5050 kg/ha кај сортата ловќен, додека просечниот принос на овес одгледуван во услови на конвенционално производство се движи од 3308 kg/ha кај популацијата кривогаштани до 4366 kg/ha кај сортата ловќен.
Приносот на зрно по единица површина, при споредба на општите просеци од двата система на одгледување, е поголем при органското производство (4450 kg/ha) апсолутно за 626 kg/ha или релативно за 14,07% од приносот на зрно при конвенционалното производство на овес (3824 kg/ha).
Од тригодишните испитувања се констатира дека во услови на органско производство сортата ловќен може да се препорача како најпогодна сорта, а од популациите требеништа и бугарија во однос на приносот и квалитетот (белковини, целулоза и Б.Е.М). За конвенционално производство може да се препорачат сортите ловќен и рајац и популацијата бугарија во однос на приносот и квалитетот, за можно ширење во производство.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Biljana Atanasova |
Date Deposited: | 21 May 2013 13:36 |
Last Modified: | 21 May 2013 13:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6339 |
Actions (login required)
View Item |