Употреба на биозоникс во ендодонтската терапија

Popovska, Lidija and Dejanoska, Sonja and Kovacevska, Ivona (2010) Употреба на биозоникс во ендодонтската терапија. In: Симпозиум „Стоматологијата денес“ Аполонија, Здружение на Албанците стоматолози, 07-09 June 2010, Struga.

[thumbnail of Upotreba na ozon vo endodontskata terapija.pdf]
Preview
Text
Upotreba na ozon vo endodontskata terapija.pdf

Download (8MB) | Preview

Abstract

Лечењето на авиталните заби е всушност лекување на инфективно заболување, односно елиминација на инфекцијата од коренскиот канал, а во случаите каде инфекцијата е помината и пошироко во периапикалниот простор индиректно делување на бактериите населени во тие ткива.
Апликацијата на озон во ендодонцијата се препорачува главно поради способноста за дезинфекција, намалување на болката и подобрување на заздравувањето и регенерација на ткивата. За да ги потврдиме овие претпоставки си поставивме за цел да спроведеме клиничка евалуација на ефикасноста на озоникс системот на биозоникс Р при терапијата на инфицирани коренски канали.
Материјал и метод:
Вкупно беа направени 22 конвенционални ендодонтски третмани кај пациенти со инфицирани коренски канали: осум со гангренозна пулпа и 14 кај пациенти со апикални пародонтити (акутни и хронични). Во првата посета комплетно беше направена обработка на коренските канали со истовремена иригација со водороден пероксид и натриум хипохлорит. По завршување на обработката аплициравме озон во период од 5 минути, по што каналите привремено ги полневме со паста на база на калциум хидроксид. Кај случаите со акутни периодонтити доколку постоеше излегување на гнојна содржина од каналот, озон се аплицираше во каналот И врз самиот апсцес, а забите се оставаа отворени во период од 24 часа. Привременото полнење се вршеше по смирувањето на видливата гнојна секреција.
Употребата на озон терапија претставува голема предност кога се употребува како дополнување на конвенционалната ендоднтска терапија. Придобивките при употребата на озон како финално сретство по инструментацијата на коренските канали во современата ендодонтска терапија е потврдена кај многу случаи, и притоа не се забележани никакви несакани појави. Озонот е ефикасен, лесен за употреба, евтин и брз начин да се дезинфицираат коренските канали.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Engineering and Technology > Medical engineering
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 20 May 2013 09:40
Last Modified: 24 Feb 2014 09:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6297

Actions (login required)

View Item View Item