Квалитативно-квантитативни карактеристики на јагленосното наоѓалиште Неготино, Р.Македонија

Nikolova, Milica (2012) Квалитативно-квантитативни карактеристики на јагленосното наоѓалиште Неготино, Р.Македонија. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.

[thumbnail of Mагистерски труд.pdf] Text
Mагистерски труд.pdf

Download (29MB)

Abstract

Во трудот со наслов КВАЛИТАТИВНО-КВАНТИТАТИВНИ
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЈАГЛЕНОСНОТО НАОЃАЛИШТЕ НЕГОТИНО,
Р.МАКЕДОНИЈА се прикажани квалитативните и квантитативните
карактеристики на јагленот од наоѓалиштето “Неготино”.
Основна цел на истражувањето е дефинирање на геолошките структури
значајни за локализацијата на јаглените, како и потребните испитувања за
докажување на потенцијалот на проучуваното наоѓалиште. Сложените
литостратиграфски геоструктурни односи, чие натамошно подетално
истражување бара макотрпна и упорна работа, но и чие разјаснување може да
има големо значење за откривање на неопходните резерви на јагленот.
Врз основа на резултатите од еден современ пристап и користењето на
аналитичките податоци дадени се квалитетивните и кавнтитативните
карактерсистики на наоѓалиштето како основа за оценка на оправданоста на
вложувањата при истражувањето на овој вид на минерална суровина.
Според презентираните вредности за содржината на поедините
соединенија може да се забележи дека во пепелта на јагленот доминантно
учество има SiO2 а потоа Al2O3, CaO и Fe2O3. Поради високата содржина на
SiO2 пепелта е окарактеризирана како јако кисела. Јагленот во наоѓалиштето
“Неготино” е изграден од микролитотип од најнизок степен на карбонификација,
со ксилитен состав и поретко присуство на кутинит, споринит и склеотинит.
Detrit gelo многу малку е присутен , а изграден е од детрит тексто со
спорадична структура на гелинит и со големо присуство на смолни тела. Во
определен број на примероци Detrit gelo е изграден од детринит со тела од
смола и колонијални бактеролошки пирит.
Генерално, јаглените од наоѓлиштето “Неготино” имаат најнизок степен
на карбонификација и преобразување на дрвенастото ткиво во гелифицирана
состојба на детрит-тексто со преоѓање на детри-гел, а макролитотип на
највисок степен на карбонификација претставува текстит-гел
Со последните истражувања и испитувања во наоѓалиштето Неготино се
пресметани геолошки резерви на јаглен вкупно Q=65.464.372 m3 или
Q=82.485.108 t.
Врз основа на пресметаните геолошки резерви на јаглен и површината
што ја зафаќа ограниченото рудно тело, направена е пресметка за степенот на
концентрација (К) на геолошките резерви (преку односот воломен/површина) кој
изнесува 4.33 m3 /m2 или 5.46 t/m2.
Пресметките на вредносната (економска) оцена е извршена по Хосколд-
овата формула и изнесува 3 501 000 €, која претставува сегашна вредносна
(економска) оцена која ја отсликува големината на идниот профит на наоѓа-
лиштето Неготино.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Sladzana Dimiskov
Date Deposited: 07 Nov 2012 18:48
Last Modified: 16 Nov 2012 14:08
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/620

Actions (login required)

View Item View Item