Заштитен ефект на витамин Е и комбинација од витамин Е и С при акутно оштетување на хепар со CCl4

Atanasova, Valerija and Spasov, Mire and Jordanovski, Jordancho and Andonovski, Martin and Gjorgoski, Icko (2010) Заштитен ефект на витамин Е и комбинација од витамин Е и С при акутно оштетување на хепар со CCl4. In: 33rd International Medical Scientific Congress.

[thumbnail of Prezentacija - Zastiten efekt na vitamin E i C pri akutno osteten hepar so CCl4 - Valerija Atanasova (za kongres vo Ohrid) - Copy.pdf]
Preview
Text
Prezentacija - Zastiten efekt na vitamin E i C pri akutno osteten hepar so CCl4 - Valerija Atanasova (za kongres vo Ohrid) - Copy.pdf

Download (3MB) | Preview
[thumbnail of Trud 2.pdf]
Preview
Text
Trud 2.pdf

Download (428kB) | Preview

Abstract

Јаглерод тетрахлоридот (CCL4) нашироко се употребува како супстанца-модел за појаснување на механизмите на дејство на хепатотоксичните ефекти. Неговото хепатотоксично дејство се остварува преку неговата активација и оксидација до високореактивни радикали кои имаат повеќе различни ефекти меѓу кои можеби најважен е иницијацијата на липидната пероксидација. Ваквото токсично дејство може да се превенира со употребата на антиоксиданси кои ги редуцираат настанатите радикали, при што витаминот Е се јавува како „прва линија на одбрана“. За да се одржува константно ниво на редуциран витамин Е кој би ги штител клеточните мембрани од оштетување, потребна е цела мрежа на други антиоксиданти кои директно или индиректно ќе ја редуцираат радикалната форма на витаминот Е до неговата нативна форма. Витаминот Ц е антиоксидант кој може директно да го редуцира витаминот Е.
Целта на ова истражување е испитување на CCL4-индуцираната хепатотоксичност и можниот протективен ефект на витамините Е и Ц. Лабораториските животни (стаорци од сојот Wistar) беа третирани со предтретмани од витамин Е или комбинација од витамините Е и Ц и со хепатотоксичниот агенс-CCL4. Хепатичното оштетување беше проценето преку мерење на нивото на аланин аминотрансферазата и аспартат аминотрансферазата во циркулацијата.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Mire Spasov
Date Deposited: 19 Apr 2013 10:47
Last Modified: 19 Apr 2013 10:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6157

Actions (login required)

View Item View Item