Apasiev, Dimitar (2008) Абецедар - Македонскиот буквар за Егејците. In: Спорот за името - Грција и Македонија. ЈП „Службен весник на Рeпублика Македонија“, Скопје, Република Македонија, pp. 148-152. ISBN 978-9989-48-967-9
Preview |
Text
35.))) Abecedar.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Овој истражувачки проект настана на предлог на студентите од втора година на правните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тие ја дадоа идејата за време на предавањата по предметот Политички систем, уште во март 2002 година. Веднаш потоа, спонтано и со голем ентузиjазам, идејата беше прифатена и од страна на студентите од четврта година кои слушаа предавања по предметите Уставно право - применета програма и Споредбено уставно право. Студентите се почуствуваа како актери на нешто многу значајно и како субјекти кои носат одговорност за иднината на земјата. Веднаш сфатија дека им требаат повеќе автономни извори за да дојдат до вистината. Љубовта кон вистината ги привлече посилно отколку лажниот патриотизам (Amicus patria, sed magis amica veritas).
Проектот беше и официјално поддржан со Одлука на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Бр. 02 300/6 [5.V.2008], и резултираше со издавање на две обемни книги со наслов „СПОРОТ ЗА ИМЕТО - ГРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА“ во издание на ЈП „Службен весник на РМ“ (македонска верзија, 2008) и на „Матица Македонска“ (англиска верзија, 2009). Раководител на Проектот беше проф. д-р Светомир Шкариќ, а покрај него како уредници т.е. редактори на обете изданија се јавуваат Димитар Апасиев и Владимир Патчев.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dimitar Apasiev |
Date Deposited: | 17 Apr 2013 08:45 |
Last Modified: | 17 Apr 2013 08:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6152 |
Actions (login required)
View Item |