Case-study: Б.А. против Порцеланка (Спор за неисплатени плати) - 1999

Apasiev, Dimitar (2011) Case-study: Б.А. против Порцеланка (Спор за неисплатени плати) - 1999. In: Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса. Movement for Social Justice – "Lenka", Skopje, Republic of Macedonia, pp. 248-256. ISBN 978-608-65134-2-9

[thumbnail of 31.) BA vs Porcelanka.pdf]
Preview
Text
31.) BA vs Porcelanka.pdf

Download (70kB) | Preview
Official URL: http://www.lenka.mk

Abstract

Поглавјето е дел од книгата „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ во издание на Движењето за социјална правда „Ленка“ (Скопје). Интервјуто е водено од страна на Димитар Апасиев, на 19.V.2011, во Велес. Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Велес е: П.бр. 805/99. Сликовитиот пример на Б.А. е еден од оние кадешто јасно е скицирана грчовитата борба на обесправениот македонски работник во нашата вечна транзиција. Затоа оваа жена-борец е пример за бескомпромисност и бестрашност во борбата за работнички права против богаташите-капиталисти, без притоа да се изгуби гордоста и достоинството. Од нејзината пожртвуваност,
на многумина ситнодушни „мажи“, кои милуваат да ги нарекуваме синдикални лидери, може само да им поцрвенат образите. А денес, ако некој поминува по патот кој води покрај фабриката, зјаат искршените прозорци кои потсетуваат на многуте тажни работнички судбини – од кои некои, во моменти на очај, завршија и со самоубиство… Работи само чуварската служба, која го чува празниот објект без луѓе, кој немо стои опустошен од [не]човечката алчност и негрижа. Во разговор со нив, ми кажаа дека се водат како осигурани преку некоја приватна агенција за обезбедување, но дека плата немаат видено „којзнае од кога“...!? Тажно мртвило лебди во просторот. Кога последен пат го посетив ова место, како сè уште да ги слушав веселите гласови на некогашните задоволни работници од детството, во преполната работничка менза. Ги нема веќе хероите на работничката класа... А дали некогаш и ги имаше, кога се предадоа без борба?

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 03 Apr 2013 12:43
Last Modified: 03 Apr 2013 12:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6074

Actions (login required)

View Item View Item