Микробилошка анализа како императив за адекватна антибиотска и симптоматска терапија кај перикоронитис

Evrosimovska, Biljana and Dimova, Cena (2009) Микробилошка анализа како императив за адекватна антибиотска и симптоматска терапија кај перикоронитис. Македонски стоматолошки преглед, 33 (3-4). pp. 183-190. ISSN 0350-8129

[thumbnail of _0117131621_001.pdf]
Preview
Text
_0117131621_001.pdf - Published Version

Download (8MB) | Preview

Abstract

Покрај податокот дека современата фармацевската индустрија нуди широка палета на најразновидни антибиотци кои имаат широк спектар на дејство, не треба да претставува никакво изненадување појавата на се почестата резистентост кон предизвикувачите на инфекцијата кон одредении антибиотици.
Целта на оваа студија е да се осврнеме кон идентификацијата на микроорганизмите кои се во асоцијација со појавата на перикоронитисот кај полуимпактираниот мандибуларен трет молар, со интенција да се прецизира адекватна антибиотска и симптоматска терапија.
За реализација на поставената цел беа опфатени 200 пациенти од обата пола на возраст од 18 до 32 годени, поделени во две групи: група А (пациенти со акутен перикоронитис) и група Б (пациенти со хроничен перикоронитис).
Добиените резултати покажуваат дека најчесто изолирани микроорганизми кај пациентите со акутен перикоронитис беа:
Porphyromonas gingivalis (54%), Prevotella intermedia (77%), β-streptococcus (90%), додека пак кај пациентите со хроничниот перикоронитис предоминантно детектирани беа Porphyromonas gingivalis (60%), Prevotella intermedia (98%)i Peptostreptococcus micros (50%). Од резултатите добиени во ова студија утврдивме дека 95,74% и 37,51% од детектираните бактерии кај пациентите со акутен и хроничен перикоронитис покажуваат резистентност кон амоксицилинот. Тоа се микроорганизмите кои припаѓаат на поголемиот број бактериски видови, особено Превотелла (55% кај акутниот перикоронитис и 25,51% кај хроничниот перикоронитис).
Идентификацијата на микроорганизмите и податокот колку тие се чуствителни кон одредени антибиотици се неопходни ако сакаме успех при третманот на перикоронитисот.
Клучни зборови: полуимпактиран долен трет молар, перикоронитис, антибиотици, бактериски микроорганизми, инфекција

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 01 Apr 2013 11:46
Last Modified: 19 Feb 2014 08:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6065

Actions (login required)

View Item View Item