Дентин ресорптивна клеточна активност во пулпата на млечните заби со напредната ресорпција

Georgiev, Zlatko and Petrusevska, Gorgana and Kovacevska, Ivona and Dimova, Cena (2009) Дентин ресорптивна клеточна активност во пулпата на млечните заби со напредната ресорпција. In: V Megjunaroden Kongres na stomatolozite na Makedonija, 10-13 Sept 2009, Ohrid.

[thumbnail of __fileserver_userfiles$_cena.dimova_Documents_slajdovi.pdf]
Preview
Text
__fileserver_userfiles$_cena.dimova_Documents_slajdovi.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

ВОВЕД: Млечните заби се полновреден мастикаторен орган во време на нивниот краток живот, иако подлежат на рана физиолошка ресорпција на корените и нивна замена, со цел создавање простор за постава на трајните заби.
ЦЕЛ: Нашата цел беше истражување на дентин-ресорптивно клеточната активност на пулпата на млечните заби при напредната физиолошка ресорпција.
МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД: Од здрави деца поради ортодонтски причини беа екстрахирани пет некариозни млечни заби со напредната физиолошка ресорпција. Непосредно по екстракцијата секој заб беше потопуван во фиксир Боуин. После 24 часа секој заб беше засекуван по надолжната оска со карборунд диск под млаз вода и преполовуван со пластичен инструмент. Денталната пулпа беше екскавирана и потопувана во фиксирот, а после седум денови беше подложена на конвенционална хистолошка обработка за светлосно микроскопско истражување.
РЕЗУЛТАТИ: Кај сите млечни заби со напредната физиолошка ресорпција на корените, во околното гранулационо ткиво на млечната пулпа, беа ЗАКЛУЧОК: Пулпата на млечните заби со напредната физиолошка ресорпција има способност за ресопција на тврдите забни ткива.
опсервирани клетки кои ресорбираат тврди забни ткива: мултинуклеарни џиновски одонтокластни клетки - дентинокласти (слично на остеокластните клетки), и мононуклеарни макрофаги. Ресорптивните клетки беа положени во ресорпциони лакуни кои беа придружени на зоните на активна ресорпција на дентинот.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 01 Apr 2013 10:04
Last Modified: 19 Feb 2014 09:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6053

Actions (login required)

View Item View Item