Zinzovski, Robert (2011) Оптимизација на работата на роторен багер при експлоатација на јаглен во функција на минимизирање на трошоците за поместување. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.
Text
Magisterska Robert Zinzovski.pdf Download (6MB) |
Abstract
Целта на оваа магистерска работа е да изврши анализа и да даде
практичен придонес во потребната оптимизација на работата на роторен багер
при експлоатација на јаглен во функција на минимизирање на трошоците за
преместување со точно дефинирање на оптималните технолошки шеми за
работа на багерот SRs 1050 како најнова багерска единица која е во функција
во ПЕ Рудници и истата работи на откривка во новото наоѓалиште на
подинските јагленови серии, како и да покаже дека со користење на одредени
технички решенија за следење и позиционирање на багерот може да се
постигне значајно намалување на времето за планирани застои а со тоа би се
постигнало намалување на производствените трошоци.
Со оваа магистерска работа ќе се покаже во практичен пример и при
реални услови на работа како може да се изврши ова намалување на
трошоците со што би се отворило пат за во иднина истиот систем да се
имплементира и на другите багерски единици.
Овде се анализирани придобивките според лично мислење само на еден
помал дел на бенефити од употреба на ваков систем на позиционирање и
пратење на багерска единица, додека за останатите потребни се уште
подетални и посеопфатни анализи.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Sladzana Dimiskov |
Date Deposited: | 07 Nov 2012 18:43 |
Last Modified: | 20 Nov 2012 09:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/604 |
Actions (login required)
View Item |