Gjorgievski, Blagoj (2010) Системи за заштита на ПЈС од подземни и површински води со имплементирање на информациски систем за мониторинг. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.
Text
Blagoj_Gorgieski.pdf Download (11MB) |
Abstract
Брзото темпо на развој на рударската технологија во последните години ја
наметна потребата и останатите активности во процесот на експлоатација на
минералните сировини да го следат тој развој со цел да се постигне поголема и
побезбедна продуктивност.
Одводнувањето како активност која му предходи, но и го прати
технолошкиот процес на експлоатација на наоѓалиштата, мора да ги задоволува
сите нивоа на навремено и сигурно функционирање.
Најчест проблем кој ја прати површинската експлоатација на минерални
сировини, е заштитата од подземни и површински води. Навременото и ефикасно
решавање на ваквите проблеми може да гарантира безбедност и продуктивност
на технолошкиот процес.
Процесот на предодводнување и одводнување на рудниците со површинска
експлоатација, освен што бара високо ниво на истраги од аспект на хидрологија и
хидрогеологија, бара користење на соодветни методи и системи за одводнување.
Развојот на технологијата за експлоатација која овозможува и зголемување на
параметрите на димензиите на рудниците, бара и сè поголемо присуство на
информатичката технологија во функција на мониторинг на системите за
одводнување, прибирање на податоците и нивна обработка сè со цел за
навремено и ефикасно интервенирање за заштита од дотокот на води во
рудниците со површинска експлоатација.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Sladzana Dimiskov |
Date Deposited: | 07 Nov 2012 18:36 |
Last Modified: | 15 Nov 2012 10:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/587 |
Actions (login required)
View Item |