Современи трендови и практики за финално одлагање на опасен отпад усогласени со тековните европски стандарди

Lazarov, Aleksandar (2011) Современи трендови и практики за финално одлагање на опасен отпад усогласени со тековните европски стандарди. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.

[thumbnail of aleksandar_lazarov.pdf] Text
aleksandar_lazarov.pdf

Download (7MB)

Abstract

Отпадот е еколошки, социјален и економски предизвик за Европјаните.
Според едни, потсетува на негативна слика на расфрлано ѓубре, токсичен
отпад, загадена животна средина, а според други, отпадот претставува
можност да се справиме со него на најбезбеден еколошки начин со отворање
на работни места и можности за заработувачка. Во последниве 30 години
политиката на Европската унија е сконцентрирана кон заштитата на животната
средина, каде што е направен значителен напредок. Пристапи, како што се:
редукција, повторна употреба, рециклирање, искористување на енергијата од
согорувањето, се начини што можат да се употребат како најдобри техники и
методи за справување со отпад.
Развојот на Република Македонија кон одржлив систем за управување со
отпадот бара понатамошно усогласување на домашното законодавство со
политиките на Европската унија. Промените во институционалната
организација и големите промени во општата практика за управување со
отпадот, се битни и во управувањето со опасниот отпад кој се создава во
Република Македонија.
Постојат неколку начини на одлагање и третман на опасниот отпад, но
најчесто начинот зависи од составот на опасниот отпад. Овде се вклучени
методите, како што се складирање и хемиско-биолошкиот третман на опасниот
отпад. Складирањето на опасен отпад со помош на вбризгување во подземни
бунари, инценерација и третирањето на опасниот отпад со автоклав, се едни
од најприменливите методи за справување со опасниот отпад.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Sladzana Dimiskov
Date Deposited: 07 Nov 2012 18:35
Last Modified: 16 Nov 2012 11:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/585

Actions (login required)

View Item View Item