Andonovska, Biljana and Dimova, Cena (2010) Ткивни нивоа на матрикс металопротеинази кај хроничните периапикални лезии. Journal of Dentistry Apolonia, 12 (23). pp. 51-58. ISSN 1409-8768 (Print) / 1857-6087 (Online)
Preview |
Text
_0117131900_001.pdf Download (6MB) | Preview |
Abstract
Цел: Матрикс-металопротеинази (ММПс) претставуваат протеолитички ензими способни за деградација на речиси сите компоненти на екстрацелуларниот матрикс и базалната мембрана. Оваа група на протеолитички ензими игра мошне значајна улога во голем број на деструктивни патолошки процеси, како на пример, хроничното воспаление и коскено деструктивните лезии. Поради тоа, целта на оваа студија беше да се детерминира зависноста помеѓу концентрациите на колагеназите (ММП-1,-8,-13) со степенот на ткивната деструкција од испитуваниот материјал (хроничното периапикално ткиво), како и со карактерот и разликите помеѓу периапикалните лезии.
Материјал и метод: За реализација на овие цели беше земено со хируршка интервенција хронично периапикално ткиво од 50 заби кај кои беше клинички и радиографски верифицирано постоење на хроничен периапикален процес. Контролната група опфаќаше 10 пациенти со клиничка дијагноза Денс импацта. После орално хируршката интервенција пулпата од здравите заби беше екстрирпирана и испитувана. Концентрацијата на овие три типа ММПс беше измерена со примена на квантитативен ензимски метод.
Резултати: Различната концентрација на колагеназите (ММП-1,-8,-13) кај хроничните периапикални процеси од различен воспалителен тип ја потрврдуваат високата сигнификантност проничните перапикални процеси со различна клиничка дијагноза, што ја покажува и нивната различна активност. Најголеми вредности за концентрацијата на ММП беа регистрирани кај случаите со дијагноза Пародонтитис периапицалис цхроница диффуса. Измерената концентрација на колагеназите (ММП-1,-8,-13) во нормалното ткиво на пулпата кај импактираните трети молари беше во граници од 0,00 нг/мЛ до 0,02 нг/мЛ.
Различната концентрација на ММП кај нроничните периапикални процеси од различен воспалителен тип зависеше од тоа дали забот е ендодонтски третиран или не. Анализата на резултатите покажа дека во ткивото од симптоматичните случаи е детектирана повисока концентрација на ММП.
Заклучок: Со целосен респект кон конвенционалните методи кои се користат во секојдневната стоматолошка пракса, овој магистерски труд отвори нови можности кон еден современ метод за дијагностицирање на хроничните воспалителни периапикални процеси и мониторинг на воспалителната активност на ткивото, базирани врз деструктивната улога на колагеназите (ММР-1, -8 и -13) во склоп на воспалителниот процес, кој е дирекно зависен од концентрацијата на ММР во патолошки променетото периапикално ткиво.
Клучни зборови: хронични периапикални процеси, ММП, екстарцелуларен матрикс, колагенази и ресорпција на коска.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Cena Dimova |
Date Deposited: | 11 Mar 2013 08:34 |
Last Modified: | 19 Feb 2014 08:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5828 |
Actions (login required)
View Item |