Dimova, Cena (2009) Дијагноза и третман на импактирани канини. In: V-ти Конгрес на стоматолозите од Македонија со меѓународно учество, 10-13 Sept 2009, Охрид, Македонија.
Preview |
Text
_0117130237_001.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
Presentation ohrid 2009.pdf Download (2MB) | Preview |
Preview |
Text
ohrid dimova cena 2009.pdf Download (111kB) | Preview |
Abstract
Цел: Целта на оваа студија е да го прикаже комбиниран и современ концепт во менаџментот на импактираните горни и долни канини. Специфичниот пристап го трасира од самиот почеток идниот третман на импактираните максиларни и мандибуларни канини.
Материјал и метод: Имено, по изведената анамнеза и преглед, беа направени радиграфски испитувања (ортопантомограф, оклузални или ретроалвеоларни рендгенграфии и компјутеризирана томографија) кои се предуслов за поставување на точна дијагноза и дефинирање на позицијата на импактираниот канин.
Најчесто беше применет ортодонтско-оралнохируршки третман кој содржеше неколку фази:
поставување на фиксна ортодонтска терапија со цел за стварање простор во максиларниот и мандибуларниот лак,
хируршко експонирање (кортикотомија или фенестрација) и ортодонтско влечење на импактираниот канин кон алвеоларниот гребен.
сместување на канинот денталниот лак и финализирање на ортодонтскиот третман.
Последната фаза вклучуваше евалуација на периодонталниот статус на третираниот забен низ на крајот на ортодонтскиот третман.
Резултати: Овој концепт во третманот на импактираните горни и долни канини даде позитивни резултати со позиционирање на импактираниот заб во забниот лак и одличен периодонтален статус на останатите заби. Преглед од неколку клинички случаи со импактирани максиларни и мандибуларни канини од нашата пракса ќе бидат прикажани во сите фази на третманот.
Заклучок: Прецизната дијагноза на импактираните канини претставува предуслов за за добар план на терапијата, со која се потврдува потребното време за третман и истото овозможува редуцирање на можните компликации. Третманот на импактираните канини не конечен само со ортодонсткиот дел од терапијата. Конечната периодонтална состојба е фундаментален кључ за проценка на успехот од терапијата при импактираните канини.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Cena Dimova |
Date Deposited: | 21 Mar 2013 21:57 |
Last Modified: | 19 Feb 2014 09:08 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5821 |
Actions (login required)
View Item |