Боенка - Моето срце во сите бои

Naumoska, Ljubica and Dojcinovski, Ilija (2011) Боенка - Моето срце во сите бои. Специјална болница Филип Втори, Црвен крст на град Скопје, Hyundai.

[thumbnail of BOENKA 2011.pdf]
Preview
Text
BOENKA 2011.pdf

Download (8MB) | Preview

Abstract

Можеби досега веќе сте виделе цртеж на срце во некоја книга. И да не е така, тоа не е страшно. Сигурен сум, сите ВИЕ сте слушнале и знаете дека во секој од нас “чука” по едно срце. Тоа неуморно работи кога се одмараме, играме, учиме, па дури и кога спиеме. Да му помогнеме со
знаење и умеење во тоа. Срцето ја има главната моторна сила која ја движи крвта низ целото тело. Тоа е сместено на посебно место. Се наоѓа во предниот дел на градниот кош, зад градната коска помеѓу двете белодробни крила.
Од голема важност за нашето здравје е да научиме доволно да го сакаме и да го почитуваме срцето. Кога тоа го знаеме ќе умееме да се грижиме и да го чуваме.
Овој орган има своја градба. Го сочинуваат четири шуплини: две предкомори и две комори. Има и четири залистоци.
Засега нема да го изучуваме овој многу важен човечки орган, туку ќе се запознаваме и ќе осознаваме за него низ дружење и игра.
Ја направивме оваа Боенка за ВАС, за да Ви помогне во тоа. Нека ова биде првиот заеднички чекор во најдолгиот марш ,,Негување на здрав и квалитетен живот,,. Тоа е најодговорната задача пред сите нас и како луѓе и како професионалци.

Item Type: Book
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Mirjana Kocaleva Vitanova
Date Deposited: 11 Mar 2013 12:15
Last Modified: 11 Mar 2013 12:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5782

Actions (login required)

View Item View Item