Анимацијата во туризмот - најзначаен сегмент на туристичката понуда

Jakovlev, Zlatko (2000) Анимацијата во туризмот - најзначаен сегмент на туристичката понуда. Списание „Економија и бизнис”. ISSN 1409-6781

[thumbnail of Animacijata vo turizmot najznacaen segment na turistickata ponuda.pdf]
Preview
Text
Animacijata vo turizmot najznacaen segment na turistickata ponuda.pdf

Download (232kB) | Preview

Abstract

Денешниве услови во кои се наоѓа Република Македонија можат да се окарактеризираат како неповолни, во поглед на нејзината стопанска развиеност.
Секоја земја, па така и нашата треба да ги искористи своите компаративни предности, своите потенцијали за да доживее економска експанзија. Република Македонија како недоволно економски развиена земја треба да го интензивира
развојот на туризмот. На тој начин таа може порамноправно да се вклучи во меѓународните економски односи. Дали ќе успее Р. Македонија или не, ќе зависи од тоа дали ќе знаеме сите ние да ги искористиме сопствените компаративни
предности. Неоспорен факт е дека туризмот има поливалентно значење и е мултипликатор на стопанскиот развој.
Со оглед на тоа дека Р. Македонија располага со природни, материјални и човечки фактори за развој на туризмот, кои
се недоволно искористени, сметаме дека на ова прашање треба да му се посвети посебно внимание. Туризмот како феномен на 20 и 21 век има општествено и економско значење. Се разбира дека секоја земја е заинтересирана за економското влијание на туризмот врз нејзиниот развој. Затоа треба на туристот
да му се понудат соодветни услуги со што ќе биде задоволен.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Zlatko Jakovlev
Date Deposited: 04 Mar 2013 10:22
Last Modified: 04 Mar 2013 10:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5685

Actions (login required)

View Item View Item