Меѓународно правни аспекти на понудата

Tusevska, Borka (2009) Меѓународно правни аспекти на понудата. Manual. Alfa 94 Skopje.

[thumbnail of megunarodno pravni aspekti na ponudata.doc] Text
megunarodno pravni aspekti na ponudata.doc

Download (200kB)

Abstract

Во светот на меѓународното договорно право, понудата претставува дел од процесот на контрахирање кој суштествено придонесува за креацијата на стабилен и брз промет. Дефинирањето на институтот понуда нужно ја наметнува потребата од нејзино разграничување во однос на останатите иницијативи за склучување на договор. Имено, секоја понуда претставува иницијатива за склучување на договор, меѓутоа не секој иницијален акт претставува понуда во правна смисла.
Понудата во нашата правна теорија и законодавство претставува предлог за склучување на договор направен за определено лице кој ги содржи сите суштествени состојки на договорот, според дефиницијата содржана во Закон за облигационите односи, односно член 24 став 1 од истиот. Појдовна основа за вака поставената дефиниција во нашиот ЗОО, претставува можеби и најубавата дефиниција за понудата содржана во Скицата на Законикот за облигациите и договорите на проф. Константиновић. Овој посебен кодификаторски труд во себе ги содржи правните решенија од најзначајните граѓански кодификации како и решенијата на Хашките конвенции кои претставуваат основа на сите подоцна донесени меѓународни конвенции од областа на трговската продажба, а кои во себе ги инкорпорираат Еднообразниот закон за склучување на договорот за продажба на стока и Еднообразниот закон за продажба на стока од јуни 1964 година. Скицата во рамките на член 8 став 1 предвидува дека понудата е предлог за склучување на договор направен за определено лице, кој ги содржи сите битни услови на предложениот договор, така што со негово прифаќање договорот може да се склучи.

Item Type: Monograph (Manual)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 25 Feb 2013 10:43
Last Modified: 25 Feb 2013 10:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5650

Actions (login required)

View Item View Item