Влијанието на воспитната мерка - Засилен надзор од страна на центарот за социјална работа, врз положбата на децата и младите во системот на малолетничка правда

Shterjov, Lidija (2013) Влијанието на воспитната мерка - Засилен надзор од страна на центарот за социјална работа, врз положбата на децата и младите во системот на малолетничка правда. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.

[thumbnail of MT.pdf]
Preview
Text
MT.pdf

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of PRILOZI.pdf]
Preview
Text
PRILOZI.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Неприфатливото однесување на младите од секогаш привлекувало
посебно внимание на општеството. Историски, оваа појава е присутна уште во
најнеразвиените општества. Со развојот на општеството, таа претрпувала
одредени модификации и промени и тоа како на феноменолошки-појавен план,
така и во поглед на причините и условите што ја предизвикуваат и
овозможуваат. Гледано во целина, правецот на овие промени се движел кон се
позачестено и подрастично манифестирање на ова однесување. Тоа, во
основа, е условено од се поголемата сложеност на општествениот живот, а со
тоа и од се посилното и помногубројното манифестирање на влијанието на
околностите, кои младите ги поттикнуваат кон такво однесување.
Во тесна врска со тие промени, се менувал и вредносно-етичкиот и
правниот однос на општеството кон општествено неприфатливото однесување
на младите. Основната линија на овие промени одела во нешто поинаков
правец. Од првобитно изострената осетливост на сите, па, и на најситните
испади на младите и ригорозното општествено и правно реагирање,
општеството со текот на време станува потолерантно, а неговото реагирање
похумано.
Ваквиот развој, пред се, е резултат на напредокот на човековото општество
воопшто и посебно на силниот развој на науката за човекот. Наспроти овие две
општи правилности постојат, и извесни отстапувања, кои се условени од
одредени специфичности на одделни социо-културни средини, а посебно од
самата динамика на негативното општествено однесување на младите.
Неприфатливото однесување на младите, е појава која предизвикува
особен интерес за истражување и анализирање на нејзините причини од
страна на голем број автори. Разгранетоста на научните проучувања доведе
до забележителни успеси. Сепак и покрај тоа, во оваа област постојат
одреден број проблеми кои останале нерешени, спорни или се решавани на
начин кој не ги задоволува барањата на објективното научно проучување.
Причините за тоа треба да ги бараме во сложеноста на самата појава и
нејзиното различно јавување во разни социо-културни средини. Во прашање е
сложена и динамична појава, која манифестира вонредни способности за
прилагодување кон животните услови.
За да се сфати суштината на оваа појава и да се преземат соодветни
мерки, нужно е да се откријат причините кои доведуваат до асоцијално
однесување на младите.
Причините за појавата на малолетничката деликвенција, најчесто се делат
на неколку групи и тоа: општествено - економски причини, семејни причини,
индивидуални каректеристики на личноста на малолетникот и средината како
фактор за појава на малолетничката деликвенција.
За ублажување на овие проблеми во нашата средина, донесен е Закон за
малолетничка правда (Сл.весник на РМ 87/2007) , а исто така и во системот на
социјална заштита покрај формите на институционална заштита воведени се и
вонинституционални форми за заштита кои се порационални и економски
исплатливи.
Во ублажувањето и разрешувањето на сите проблеми со децата и
малолетниците, многу важен фактор се стручните работници, ангажирани во
сите институции и од сите ресори.
Исто така неопходно е да се зајакне соработката на владините институции
со граѓанскиот сектор кои се занимаваат со оваа проблематика, согласно со
Конвенцијата за правата на детето.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Sladzana Dimiskov
Date Deposited: 21 Feb 2013 15:15
Last Modified: 21 Feb 2013 15:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5619

Actions (login required)

View Item View Item