Ivanovska, Biljana (2013) Германско–македонски разговорник: (Практикум по Германски јазик - Морфологија). ISBN 978-608-4708-03-2.
Preview |
Text
praktikum.pdf Download (888kB) | Preview |
Abstract
Разговорникот (практикумот) е структуриран во четири главни делови и започнува со основните правила и принципи на изговорот, за прегласените самогласки, двогласките, ch-варијантите и уште некои согласки специфични за гермaнскиот јазик. Потоа, текстот продолжува со говорните акти за поздравување, запознавање, разделба, општи прашања (Wer ist da? Wer kann…? Wie heißt...? Кој е таму? Кој може...? Како се вика .... ?), изразување благодарност, потврдување и одрекување, општи временски определби, денови од неделата, месеци, годишни времиња и други говорни акти, потоа продолжува со основните форми и говорните акти што се користат за обраќање, за започнување на разговор, за продолжување на разговорот, говорни ситуации во хотел, пречекување на гостин, сместување, говорна ситуација на рецепција, пополнување на формулар на рецепција и сл. Се прикажуваат говорни ситуации од типот: земање на гостинот од хотелот, резервација на соба, резервација на маса за вечера и сл. Се дава основната лексика за приборот за јадење во кујна, за подготовка на јадење, за појадок, ручек и вечера, додатоци за јадење, мени за нарачка, предјадење, главен оброк и десерт. Се вежбаат лексеми од областа на гастрономијата како: видови супи, чорби, готови јадења, видови десерти, јадења на скара и национални јадења, алкохолни и безалкохолни пијалаци, контактни форми и сл. На крајот од првиот дел се даваат основните и редните броеви.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Biljana Ivanovska |
Date Deposited: | 06 Feb 2013 10:31 |
Last Modified: | 05 Aug 2015 14:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5512 |
Actions (login required)
View Item |