Jakovlev, Zlatko (2011) Анимација во туризмот - скрипта. ISBN 978-608-4504-59-7.
Full text not available from this repository.Abstract
Денешниве услови во кои се наоѓа Република Македонија можат да
се окарактеризираат како неповолни, во поглед на нејзината економска
развиеност. Секоја земја, па така и нашава треба да ги искористи своите
компаративни предности, своите потенцијали за да доживее економска
експанзија. Нашава држава како недоволно економски развиена земја треба
да го интензивира развојот на туризмот. На тој начин таа може порамноправно
да се вклучи во меѓународните економски односи. Дали ќе успее Република
Македонија или не, ќе зависи од тоа, дали сите ние ќе знаеме да ги искористиме
сопствените компаративни предности. Неоспорен факт е дека туризмот има
поливалентно значење и е мултипликатор на економскиот рaзвој. Со оглед на
тоа дека нашава земја располага со природни, материјални и човечки фактори
за развој на туризмот, кои се недоволно искористени, се смета дека на ова
прашање треба да му се посвети посебно внимание. Туризмот како феномен
на 20 и 21 век има општествено и економско значење. Се разбира дека секоја
земја е заинтересирана за економското влијание на туризмот врз нејзиниот
развој. Затоа треба на посетителите да им се дадат соодветни услуги од кои
што ќе бидат задоволни.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Zlatko Jakovlev |
Date Deposited: | 04 Feb 2013 18:13 |
Last Modified: | 15 Apr 2015 10:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5486 |
Actions (login required)
View Item |