Економика на туризмот на Македонија

Petrevska, Biljana (2011) Економика на туризмот на Македонија. Самостоен издавач, Штип. ISBN 978-608-65319-1-1

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.petrevska_Desktop_Ekonomikata za spojuvanje_Ekonomika na turizmot na Makedonija.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.petrevska_Desktop_Ekonomikata za spojuvanje_Ekonomika na turizmot na Makedonija.pdf

Download (687kB) | Preview

Abstract

Проблематиката на економското значење, потребата, влијанието и последиците од туризмот врз целокупната економска активност на Македонија, е централна тема на оваа книга, структурирано поставена низ шест глави кои меѓусебно се надополнуваат.
Во првата глава, најнапред е укажано на планирањето на активностите на поодделните носители на туристичката понуда во Македонија, првенствено мислејќи на државата и на малите и средните претпријатија вклучени во туристичките текови. Притоа, укажено е на улогата на државата во планирањето на економскиот развој на туризмот, даден е преглед на процесот на приватизација во туризмот и угостителството во Македонија, како и на туристичкото законодавство кое ја регулира оваа дејност. Истовремено, анализирани се и прашањата за организација и промоција на туризмот, како и потребата од државна интервенција во насока на поттикнување на туристичкиот развој. Воедно, потенцирана е нужноста од примена на интегриран пристап во планирањето на развојот на туризмот, преку обезбедување рамнотежа помеѓу јавниот и приватниот сектор.
Втората глава во целост е посветена на анализа на туристичката понуда во Македонија, притоа согледувајќи ги постоечките сместувачки капацитети и проектирајќи ги идните потреби за сместување. Кон неа се надоврзува анализата на туристичката побарувачка која многу подетално е опишана во третата глава. Во таа насока, најнапред е анализиран обемот и структурата на постоечката туристичка побарувачка, а потоа се применети дел од методите за нејзино предвидување. Така, од квантитативните методи применети се: моделот на анализа на трендот, пристапот на Боџ-Јенкинс и моделот на експоненцијално порамнување, додека од квалитативните методи преземени се готови проценети вредности. Во продолжение, споредени се добиените резултати од употребените модели, па предложен е најсоодветиот за предвидување на туристичката побарувачка во Македонија до 2014 година. Истовремено, укажано е на значењето на методите за предвидување и можноста за нивна примена во практичното работење при проценка на идната туристичка побарувачка.
Со цел да се заокружи прашањето за значењето на туризмот во економската активност на Македонија, четвртата глава прави осврт од кој се согледува неговиот придонес во вкупната економска активност на земјата, влијанието кое го има врз вработеноста, како и ефектите кои ги предизвикува врз платниот биланс.
Во петтата глава е прикажан модел од кој би требало да се појде при изработка на туристичкиот развоен план на Македонија и конкретната содржина што би требало да ја има. Целината на книгата е заокружена во шестата глава во која се презентирани согледувања за местото на туризмот во глобалната развојна стратегија на Македонија, и притоа се посочени идни насоки во кои е потребно тој да се развива.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 04 Feb 2013 18:20
Last Modified: 04 Feb 2013 18:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5478

Actions (login required)

View Item View Item