Финансиска либерализација и финансиска стабилност

Georgieva Svrtinov, Vesna (2012) Финансиска либерализација и финансиска стабилност. Working Paper. Македонска ризница, Куманово.

[thumbnail of Microsoft Word - finansiska liberalizacija i finansiska stabilnost.pdf]
Preview
Text
Microsoft Word - finansiska liberalizacija i finansiska stabilnost.pdf

Download (141kB) | Preview

Abstract

Новиот економски поредок, настанат како резултат на глобализацијата, кон крајот на минатиот век, нуди бројни предности за сите учесници во глобалната економија. Со драстично намалување и укинување на бројните ограничувања во меѓународната трговија, се отвори вратата за развој и на послабо развиените земји и на економиите во транзиција.
Отстранувањето на пречките во меѓународната трговија ја движи глобалната економија кон поголем просперитет.
Зголемената мобилност на капиталот, пак, овозможува поефикасна меѓународна алокација на средствата, а на земјите со ниски стапки на домашно штедење им овозможува да обезбедат странски извори за финансирање на сопствените продуктивни проекти, и да го зголемат економскиот раст, а со тоа и стандардот на живеење и вработеноста.
Сепак, според најновата генерација модели на финансиски кризи, се смета дека капиталната сметка може да биде извор на сите проблеми. Во економиите во подем големите приливи на капитал може да бидат причина за настанување на финансиска криза, особено доколку се работи за краткорочен капитал во странска валута. Примерите на многу земји, како: Мексико, Југоисточна Азија, Бразил, АСргентина, го потврдуваат ваквото гледање. Зачестените финансиски кризи во последниве децении, го сменија ставот на академските економисти за финансиската глобализација. Тие кризи почнувајќи од мексиканската криза, се нарекуваат кризи на "капиталната сметка" и сите се карактеризираа со неодржливи дефицити на тековните сметки, финансирани на ризични начини.
Во книгата главно се нагласува поголемата придобивка од финансиската либерализација од нејзините потенцијални трошоци, но под услов земјите добро да се подготват за ваквиот процес. Исто така, во книгата особено се истакнува растечкиот тренд на капитални контроли по последната финансиска криза. Многу економии, како: Бразил, Кина, Аргентина, Тајван, Јужна Кореја, воведоа различни капитални контроли, за да ги лимитираат прекумерните капитални приливи и да го намалат притисокот врз националните валути.
Треба да се има предвид дека ова претставува враќање на кејнзијанското мислење за тоа како треба да бидат регулирани меѓународните финансиски текови. При тоа, не треба да се занемари фактот дека со имплементирање на овие контроли, степенот на глобализација, кој во периодот меѓу 2002-2007, особено зеде замав, можеби ќе се намали и/или промени.

Item Type: Monograph (Working Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Vesna Georgieva Svrtinov
Date Deposited: 05 Feb 2013 13:17
Last Modified: 05 Feb 2013 13:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5475

Actions (login required)

View Item View Item