Општа правна уреденост на граѓанско – правната одговорност за причинета штета во правото на Европска Унија

Ampovska, Marija (2012) Општа правна уреденост на граѓанско – правната одговорност за причинета штета во правото на Европска Унија. Evrodijalog 17.

[thumbnail of Општа правна уреденост на граѓанско-правната одговорност во правото на ЕУ.pdf]
Preview
Text
Општа правна уреденост на граѓанско-правната одговорност во правото на ЕУ.pdf - Published Version

Download (427kB) | Preview

Abstract

Во овој труд се истражува и елаборира општата правна уреденост на граѓанско-правната одговорност за причинета штета во правото на ЕУ преку проучување на регулативите и директивите. Истите не содржат општи одредби по повод ова прашање што значи дека прашањата за основот на одговорност, постоењето на одговорност, видот и висината на надоместот на штета и слично се прашања кои се разликуваат по својата правна уреденост од земја до земја. Тој факт создава недостаток во правниот систем на ЕУ кој претендира да се хармонизира. Со оглед на ова, како и со оглед на значењето на граѓанската одговорност за причинета штета, создадени се Принципите на Европско отштетно право и објавени се во Виена во 2005 година. Трудот го става акцентот на овие Принципи бидејќи истите ги идентификуваат општите правила на граѓанско-правната одговорност кои се среќаваат во најголем дел од одделните правни системи во ЕУ и го прикажува нивото на усогласеност на европската правна мисла по повод ова прашање денеска.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Marija Radevska
Date Deposited: 21 Feb 2013 08:47
Last Modified: 28 Jan 2015 12:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5437

Actions (login required)

View Item View Item