Zdravkova, Vaska and Danilova, Marina (2010) Визуелни нарушувања при пишувањето. Македонски медицински преглед, списание на македонското лекарско друштво, XXII Симпозиум на лекарите по општа медицина на Република Македонија со меѓународно учество.
Preview |
Text
__fileserver_userfiles$_marina.danilova_Desktop_ВИЗУЕЛНИ НАРУШУВАЊА ПРИ ПИШУВАЊЕТО.pdf Download (133kB) | Preview |
Abstract
ЦЕЛ
Основната цел на ова проучување е откривање на проблемите со кои се среќаваат децата при усвојување на пишувањето, утврдување на визуелните нарушувања при пишување и причина за нивната појава.
МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД
Испитувањата на визуелните проблеми при пишувањето се правени во основното училиште „Тошо Арсов“ во Штип кај деца од прво до четврто одделение. За испитувањето е користен материјал од учебната програма со цел елиминирање на несаканите тешкотии и конфузии. Тестовите се соодветни за секое одделение. Анализата на податоците од испитувањата се статистички обработени.
РЕЗУЛТАТИ
Анализата на резултатите од испитувањето покажаа различна процентуална застапеност на визуелните нарушувања при пишувањето во различните одделенија. Испитувањето е направено врз 369 деца. Во прво одделение има 98 деца, од нив 11% имаат визуелни нарушувања при пишувањето. Во второ одделение од 94 деца- 10,6% имаат визуелни нарушувања. Во трето одделение од 86 деца- 1,2% имаат визуелни нарушувања. Во четврто одделение од 91 дете- 1% визуелни нарушувања.
ДИСКУСИЈА
За децата експресното воведување во глобалната метода на обука за пишување буквално значи дека е прескокнат еден физиолошки период од нивниот развој. Се наметнува прашањето дали треба нашиот училиштен систем да е толку неприлагодлив, така да сите првоодделенци треба да учат со едно исто темпо и на еден исти начин. Се препорачува поразличен распоред на времето, поразлично темпо и начин на работа во почетна фаза на обука.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Marina Danilova |
Date Deposited: | 31 Jan 2013 11:45 |
Last Modified: | 24 Feb 2014 09:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5373 |
Actions (login required)
View Item |